Застава М57

Застава М57
Застава М57
ТипПолуавтоматски пиштол
ПотеклоСФРЈ
Употребна историја
Во служба1957–1992
КориснициЈугословенска народна армија, Виетконг, Северновиетнамска армија
ВојниВиетнамска војна, Заливска војна, Југословенски војни
Производна историја
КонструкторЗастава оружје
Конструирано1957
ПроизводителЗастава оружје
Год. на производство1957–до денес
ВаријантиЗастава М70
Тех. особености
Тежина854 g
Должина194 mm
Цевка length116 mm
Висина134 mm

Куршум7,62×25mm Токарев
МеханизамПовторно полнење со повлекување
Почетна брзина480 m/s
Делотворен дострел50 m
Полнењеодделив шаржер со 9 куршуми
Нишанимеханички
156 mm должина на нишанска линија

Застава М57 – полуавтоматски пиштол кој во бивша Југославија го произведувало претпријатието Застава оружје (тогаш Заводи Црвена застава). Се работи за копија на советскиот пиштол Токарев ТТ-33. Пиштолот бил прифатен во 1957 година, додека масовно почнал да се произведува од 1960 година. Бил службено оружје во југословенската војска и милиција.

Техничките разлики меѓу југословенскиот и советскиот пиштол се скоро незначителни, а најзначајни се дека М57 користи шаржер со капацитет од девет, а ТТ-33 со капацитет од осум куршуми. Поголемиот капацитет на шаржерот е причина дршката на М57 да е поголема. Исто така, водилката на повратната пружина кај М57 се состои од два дела.

Визуелните разлики е многу мали, но видливи. Така советскиот ТТ-33 на кориците на пиштолот има ознака ѕвезда петокрака околу која е ознаката CCCР. Југословенската верзија има ознака ФНРЈ или СФРЈ.

Пиштолот користи муниција со калибар 7,62x25 ТТ, а Застава оружје во текот на 1970-тите години почнала да произведува сличен пиштол кој користел муниција 9x19 лугер. Станува збор за моделот Застава М70.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]