Зајас се наоѓа во северниот дел на областа Кичевија, на 10 километри северно од Кичево. Селото се наоѓа крај Зајаска Река. Името на селото на месниот дијалект е Зајаз (Zajaz).
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 70 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, Албанците во селото се населиле во XVIII век[3]. Изворното население на Зајас било христијанско. Околу 1740 г. селото е албанизирано со населување или исламизација. Населените Албанци ги нападнале околните православни села и ги колонизирале. Такви се Црвивци, Бериково, Трапчин Дол и други[4][4] К’нчов забележал дека во селото во 1900 година имало 2.150 жители Албанци.[5] Слични ставови имал и рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]
Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Думовци, Џаковци, Лимановци и Браовци, сите заедно имаат околу 240 куќи. Доселени се од споменатата област Мат (во северна Албанија) кон крајот на 18 век.[14]
Зајас е албанско село.
Родови во селото се:
Во Џума маалото се следните родови: Думовци, Лановци, Џаковци, Лимановци, Браовци, сите имаат околу (240 к.) куќи. Предците на споменатите родови се доселиле кон крајот на XVIII век. Во родот Думовци се знае следното родословие: Мустафа (жив на 51 г. во 1961 година) Асан-Муарем-Реџеп-Садик-Муарем, основачот на родот кој се доселил.
Во Теќе маалото се следните родови: Томај, Јаовци, Пирковци и Коџовци, сите заедно имаат (117 к.), предците на споменатите родови се доселени кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Во родот Пирковци се знае следното родословие: Медија (жив на 62 г. во 1961 година) Велија-Усејин-Велија-Усејин, се доселил таткото на Усејин.
Во Челиковци маалото е родот Челиковци (40 к.) основачот на родот е доселен кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век.
Во Туфковци маалото е родот (10 к.) основачот на родот е доселен кога и другите родови.
Во селото постојат избирачките места бр. 814, 815, 816, 816/1 и 819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“