Звонко Богдан | |
---|---|
Звонко Богдан во 2006 г. | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 5 јануари 1942 Сомбор, Кралство Југославија |
Жанрови | тамбурица народна музика |
Занимања | пејач, текстописец |
Инструменти | пеење |
Период на активност | 1971– |
Звонко Богдан (р. 5 јануари 1942 во Сомбор) е истакнат изведувач на народни тамбурашки и староградски песни од Војводина, Србија. Освен тоа што е славен пејач, тој е и композитор, сликар и џокеј, и ужива углед на боемство и отменост. Живеел во Виена за време на 1990-тите години, и се вратил во Војводина по падот на Слободан Милошевиќ. Сега живее во Суботица.
Звонко Богдан е роден во Сомбор, кој во тоа време бил под унгарска окупација (во Втората светска војна), во семејство Буњевци.
Пее како негови така и традиционални песни (особено буњевски) во придружба на тамбураши. Некои од песните ги компонирал самиот (како Хеј салаши на северу Бачке). Има и песни на унгарски и ромски.
На неговите изведби го придружуваат ансамблите „Тамбурашки оркестар Јанике Балажа“ од Војводина и „Загребачки тамбураши“ од Хрватска. Звонко Богдан е сѐ уште многу активен и изведува во Србија и Хрватска, како и ширум светот каде живеат луѓе од тие краишта.
Некои од неговите најпопуларни песни се:
Осам тамбураша с Петроварадина | |
Звонко Богдан и тамбурашки оркестар |
Пролазе ноћи, мучим се ја | |
Звонко Богдан и тамбурашки оркестар |
„Звонко Богдан“ на Ризницата ? |
|