Зеленопругеста тенка стрелка | |
---|---|
мажјак | |
женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Членконоги |
Класа: | Инсекти |
Ред: | Вилински коњчиња |
Семејство: | Стрелки |
Род: | Тенки стрелки |
Вид: | Зеленопругеста тенка стрелка |
Научен назив | |
Aciagrion occidentale Laidlaw, 1919 | |
Синоними | |
|
Зеленопругеста тенка стрелка (науч. Aciagrion occidentale)[2][3][4] — вилинско коњче од семејството на стрелките (Coenagrionidae). Живее во Индија, Шри Ланка, Виетнам и Тајланд.[1][5]
Инсектот и долг и тенок, со црна дамка на сина основа во осмото членче на стомакот. Градниот кош е црнс со странични синозелени сини пруги. Стомачниот предел е крајно истенчен тенок со црно на грбот од првото до седмото членче и светлосино од страните. Осмото членче е сино, со тесна триаголна црна грбна дамка, а деветтото е сино. Десеттото членче е црно на грбот и сино од страните. Женките изгледаат слично на мажјаците, со исклучок на последните три стомачни членчиња. Осмото членче има широка црна дамка на грбот, деветтото има мала дамка во грбната основа, а десеттото е сосема сино.[3][4][6][7][8]
Зеленопругестата тенка стрелка обично лета блиску до земјата и се среќава во грмушести моклишта.[3] Иако има мошне нежна градба, овој инсект оди на подалечна преселба летајќи високо, потпомогнат од воздушните струи.[6][7]
|