Yabanci Damat Зет Домазет | |
---|---|
Улоги | Нехир Ердоган Ердал Озиагчар Сумру Јавручук Озгур Чевик Илкер Асум Бинур Каја |
Производство | |
Кинематографија | Erler Film |
Камера | Мултикамера |
Времетраење | 90 минути |
Прикажување | |
Сликов формат | Color |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | yabancidamat.tv/en/anasayfa.asp |
Зет Домазет е популарна турска серија снимена на двете брегови на Егејското Море, Турција и Грција. Во серијата се зборува за двајца млади кои се од различни држави кои се непријателски настроени за битката што се случила на Кипар помеѓу Турција и Грција, се заљубуваат еден во друг. Назли е ќерка на Караман Баклаваџиоглу, кој е познат мајстор на правење баклави. Нејзиниот дедо Мемик Баклаваџиоглу ги мрази грците бидејќи неговиот татко загинал во битката на Кипар.
Нико, кои неговите родители се имигранти од Истанбул, е син на познат бродовласник во Грција. Назли и Нико се стретнаа во Бодрум, се заљубија на прв поглед и решија за се венчат. Комедијата започнува кога Нико оди во Газиантеп да ја побара раката на Назли од нејзиниот татко. Историското непријателство меѓу двете нации го прави многу тешко, и двете семејства се противат на брак на почетокот. Конечно, Назли и Нико основаат семејство и се населија во Истанбул. Тие го именуваат својот син Еге ("Егеј"), морето меѓу Турција и Грција.
Двете семејствата одат едни кај други неколкупати на посета од различни причини и се зближуваат сè повеќе. Тетката на Нико, Катина добива брачен предлог од Турчин, но нејзината мајка Ефтелија го влошува тоа. Дури и на почетната омраза меѓу постарите членови на семејствата, Мемик и Ефтелија, се претвора во романтична врска. Од друга страна, Кадир, синот од Океш, кој е ортак со Караман, се жени Стела, грчката секретарка на Нико.
Глумец/Глумица | Улога | Опис на улогата | |
---|---|---|---|
Нехир Ердоган | Назли | ќерка на Караман Баклаваџиоглу, познат мајстор на баклави во Газиантеп | |
Ердал Озиагчар | Караман | татко на Назли, познат мајстор на баклава од Газиантеп | |
Сумру Јавручук | Фериде | мајка на Назли | |
Бинур Каја | Назире | постара сестра на Назли | |
Илкер Асум | Рушен | сопруг на Назире | |
Ариф Екрин Гузелбејоглу | Мемик | дедо на Назли | |
Озан Угурлу | Мустафаџан | помал брат на Назли | |
Еге Услу | Еге | постариот син на Назли и Нико | |
Озгур Чевик | Нико (Никос) | син на Ставро, познат бродосопственик од Грција | |
Мазлим Кипер | Ставро (Ставрос) | татко на Нико | |
Ајла Караџа | Елени | мајка на Нико | |
Тулин Орал | Ефтелија | баба на Нико | |
Нилгун Белгун | Катина | тетка на Нико | |
Енгин Акурек | Кадир | поранешен свршеник на Назли, син на Океш | |
Зеки Аласја | Океш | татко на Кадир | |
Серај Гозлер | Хајрије | мајка на Кадир | |
Наталиа Доисопоулос | Ана | поранешна девојка на Кадир | |
Катерина Моутсатсос | Стела | првата жена на Кадир | |
Асли Алтајар | Ајсел | последната жена на Кадир | |
Јелиз Акаја | Есра | асистентката на Нико | |
Гузун Алкан | Доне | слугинка во куќата на Караман | |
Биназ Ергин | Икрамије | слугинка во куќата на Назли и Нико во Истанбул | |
Јилмаз Груда | Џелаир | мајсторот за баклава на Океш | |
Ахмет Уз | Хикмет | мажот на тетката на Нико,Катина | |
Синаси Уртсевер | Хамит | сопругот на Доне | |
Назли Тосуноглу | Рабија | мајката на Рушем | |
Кајра - Илаида - Талиа Сонгур | Михрибан Сафие и Фазила | ќерките на Назире и Рушен |
} |