Зита Гиловска | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста 10 септември 2007 – 16 ноември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Јарослав Качиснки (Привремен) |
Наследник | Јацек Ростовски |
На должноста 22 септември 2006 – 7 септември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Станислав Клуза |
Наследник | Јарослав Качински (Привремен) |
На должноста 7 јануари 2006 – 24 јуни 2006 | |
Премиер | Казимјеж Марчинкевич |
Претходник | Тереса Лубинска |
Наследник | Павел Војцечовски |
Вицепремиер | |
На должноста 10 септември 2007 – 16 ноември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Пшемислав Госјевски |
Наследник | Пшемислав Госјевски |
На должноста 22 септември 2006 – 7 септември 2007 | |
Премиер | Јарослав Качински |
Претходник | Роман Гјертич |
Наследник | Пшемислав Госјевски |
На должноста 7 јануари 2006 – 24 јуни 2006 | |
Премиер | Казимјеж Марчинкевич |
Претходник | Лудвик Дорн |
Наследник | Роман Гјертич |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 јули 1949 Нове Мјасто Лубавскје, Полска |
Починал(а) | 5. април 2016. Швидник, Полска | (возр. 66)
Националност | Полска |
Партија | Унија на слободата Граѓанска Платформа |
Установа | Варшавски универзитет Универзитет "Марија Кири-Склодовска |
Зита Јанина Гиловска (родена на 7 јули 1949 - 5 април 2016[1]) била полски економист, академик и политичар.
Гиловска била родена во Нове Мјасто Лубавскје на 7 јули 1949 година.[2] Во 1972 година таа дипломирала економија на Варшавскиот универзитет.[3] Во 1981 година, таа ја одбанила својата докторска теза по економија на Универзитетот "Марија Кири-Склодовска" во Лублин.[3]
Од 1972 до 1985 година, Гиловска била истражувачки асистент на Универзитетот "Марија Кири-Склодовска"[3] и подоцна на истиот институт станала вонреден професор од 1995 до 1999 година.[3] Во 2001 година, таа станала редовен професор на Лублинскиот католичкиот универзит.[3] Од 1994 до 1996 година, таа била член на либералната партија, Унија на слободата (Unia Wolności).[3] Таа била поранешен потпретседател на партијата Граѓанската платформа (полски: Platforma Obywatelska); сепак, таа ја напуштила партијата на 21 мај 2005 година[3] во знак на протест поради обвинувањата од сопартијците за неправилност. Од 2001 до 2005 година, таа била пратеник во Сејмот (долниот дом на полскиот парламент).
Од 7 јануари до 23 јуни 2006 година, таа била заменик-премиер и министер за финансии во Владата за право и правда под Казимјеж Марчинкевич.[2] Таа била отпуштена поради обвинувањата за нејзина соработка во времето на комунизмот.[4][5] Павел Војчеховски ја заменил како министер за финансии.[4]
Од 22 септември 2006 до 16 ноември 2007 година, таа повторно била вицепремиер и министер за финансии.[6] Во октомври 2006 година, Гиловска била на чело на полскиот финансиски надзорен орган и гувернер на Европската инвестициска банка на Полска.[3]
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Станислав Клуза |
Министер за финансии 2006–2007 |
Наследник Јацек Ростовски |