Еквивалентно, тоа е Варињоновиот паралелограм образуван од средните точки на рабовите на златен правоаголник.[1] Ромбови со овој облик образуваат лица (страни) на неколку значајни полиедри. Златниот ромб треба да се разликува од двата ромба на Пенроузовото поплочување, кои на други начини се поврзани со златниот сооднос, но имаат различен облик од обликот на златниот ромб.[2]
Неколку значајни полиедри имаат златни ромбови како нивни лица (страни). Тие ги вклучуваат двата златни ромбоедри (со по шест лица), билинскиот додекаедар (со 12 лица), ромбичниот икосаедар (со 20 лица), ромбичниот триаконтаедар (со 30 лица) и неконвексниот ромбичен хексесконтаедар (60 лица). Првите пет од нив се единствените конвексни полиедри со златни ромбични лица, но има бескрајно многу неконвексни полиедри со овој облик за сите нивни лица.[5]
↑ 1,01,1Senechal, Marjorie (2006), „Donald and the golden rhombohedra“, Во Davis, Chandler; Ellers, Erich W. (уред.), The Coxeter Legacy, American Mathematical Society, Providence, RI, стр. 159–177, ISBN0-8218-3722-2, MR2209027
↑For instance, an incorrect identification between the golden rhombus and one of the Penrose rhombi can be found in Livio, Mario (2002), The Golden Ratio: The Story of Phi, the World's Most Astonishing Number, New York: Broadway Books, стр. 206
↑ 3,03,13,2Ogawa, Tohru (January 1987), „Symmetry of three-dimensional quasicrystals“, Materials Science Forum, 22-24: 187–200, doi:10.4028/www.scientific.net/msf.22-24.187. See in particular table 1, p. 188.