Златко Гоцевски | |
---|---|
Позиција | Центар |
Висина | 2,05 м |
Тежина | кг |
Број | 11 |
Роден | 9 април 1982 Штип, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 2000–2017 |
Клубови | |
1997-2000 | Деликатес |
2000-2003 | МЗТ Аеродром |
2003-2004 | Вардар |
2004-2005 | Поло Трејд |
2005 | Кевлавик |
2006 | Пеја |
2006-2007 | Струмица 2005 |
2007-2009 | Фени Индустри |
2009-2010 | Јамбол |
2010 | Работнички |
2010-2011 | МЗТ Аеродром |
2011 | Јамбол |
2012 | Фени Индустри |
2012-2013 | Струмица |
2013-2015 | Кожув |
2015-2016 | Струмица |
2016 | Кожув |
2017 | Блокотехна |
2017 | → Радовиш (позајмица) |
Репрезентација | |
Инфо од: 15.08.2018. |
Златко Гоцевски (роден на 9 април 1982 во Штип) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец.
Професионалната кариера му започнала во Деликатес во сезоната 1997/98.[1] Таму играл до сезоната 1999/2000. Следна етапа му била при преминувањето во МЗТ Аеродром, каде што се задржал до 2003 година. Следната негова станица му била Вардар, играјќи една сезона за него. Во сезоната 2004/05 играл за Струмица 2005, а сезонaтa 2005/2006 ја започнал во првенството на Исланд за Кавлавик, но на полусезоната се вратил на Балканот во првенството на Косово во екипата на Пеја. Во 2006/2007 потпишал повторно за Струмица 2005, каде што го освоил првенството и бил избран за МВП на сезоната. Од 2007 до 2009г. е во екипата на Фени Индустри од Кавадарци. Со Фени во 2008 година ја освоил двојната титула, односно Првенството и Купот. Со Фени се натпреварувал и во Балканската лига стигнувајќи до полуфиналето во 2009 година. Сезоната 2009/2010 ја играл во бугарското првенство во кошаркарскиот клуб Јамбол.[2] Сезоната 2010/11 ја започнал во Работнички,[3] но таму останал кратко бидејќи во декември потпишал за МЗТ Аеродром и таму играл до крајот на сезоната.[4][5] Во 2011 година повторно играл за бугарски Јамбол, играјќи таму сè до полусезоната,[6] преминувајќи повторно во Фени Индустри кога станале вицепрваци во Првенството и Купот.[7][8] Во 2012 година, потпишал за Струмица, таму играл сè до март 2013 година, откако Струмица не успеала да обезбеди пласман во Супер лигата, Гоцевски се префрлил во Кожув, каде станал вицешампион со клубот во Првенството.[9][10] Со Кожув се натпреварувал и во Балканската лига. Со Кожув стигнал до финалето во Купот на Македонија, губејќи од екипата на Работнички.[11] На почетокот на октомври 2015 година, Гоцевски ја прекинал соработката со Кожув.[12][13][14] Веднаш потоа Гоцевски потпишал за КК Струмица.[15][16] За сезоната 2016/17, тој повторно потпишал со Кожув.[17] На почетокот на 2017 година, Гоцевски се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш.[18][19] Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Гоцевски бил вратен во новиот гевгелиски клуб.[20][21] На крајот на декември 2017 година, Блокотехна ја прекинала соработката со Гоцевски.[22] Тогаш било последен пат Гоцевски да игра професионална кошарка,
Титули[уреди | уреди извор]Струмица 2005[уреди | уреди извор]
Фени Индустри[уреди | уреди извор]
|
Признанија[уреди | уреди извор]
|