Главен доказ за постоењето на златофилноста доаѓа од кристалографската анализа на комплексното соединеније. Златофилната врска има должина од околу 3,0 Å и јачина од околу 7-12 калории,[1] што е споредливо со јачината на водородната врска. Златофилната интеракција се смета дека е резултат на електронската корелација на компонентите со затворена обвивка, што е невообичаено бидејќи атомите со затворена обвивка обично имаат занемарливи интеракции на растојанија во големина на врска. Овие интеракции се донекаде слични на интеракциите на Ван дер Валс, но обично се посилни поради релативистичките ефекти. Набљудувањата и теоријата покажуваат дека во просек 28% од врзувачката енергија во златофилната интеракција може да се припише на релативистичкото проширување на d орбиталите на златото.[3]
Манифестацијата на златофилност е склоност на центрите на златото да се агрегираат. Иако се познати интра- и меѓумолекулски златофилни заемодејства, забележана е само внатремолекулска агрегација.[4]
↑Runeberg, Nino; Schütz, Martin & Hans-Joachim Werner (1999). „The aurophilic attraction as interpreted by local correlation methods“. J. Chem. Phys. 110 (15): 7210–7215. Bibcode:1999JChPh.110.7210R. doi:10.1063/1.478665.