Иван Јастребов

Иван Степанович Јастребов
Лични податоци
Роден(а) 1839
Тамбовска губернија
Починал(а) 8 јануари 1894
Солун
Националност Русин
Професија Дипломат

Иван Јастребов (руски: Иван Степанович Ястребов) (1839—1894) бил руски историчар, етнограф и дипломат. Се школувал во Астрахањската богословија и во Казањската духовна академија.

Дипломатската кариера ја започнал во 1864 година кога стапил на служба во Министерството за надворешни работи. Работел во руското дипломатско претставништво во Цариград, потоа во рускиот конзулат во Скадар, бил руски вицеконзул во Призрен и Јанина. Бил руски генерален конзул во Солун (1886-1894).

Со собирање етнографски и културно-историски материјали започнал по одењето во Скадар како службеник во Рускиот конзулат, а оваа дејност ја продолжил и како руски вицеконзул во Призрен. Објавува голем број прилози во „Гласник“ на Српското учено друштво, поврзани со историјата на српската црква, а дава и податоци за населението, за разни легенди и преданија. Етнографски материјал има и во „Стара Србија и Албанија“ (објавена посмртно). Негово најзначајно дело со србофилска ориентација е зборникот Обычаи и песни турецкихЪ СербовЪ, во која фолклорниот материјал од Дебарско е запишан од Васил Апостолов Икономов (подоцна објавен во збирката од 1893 г.). Објавениот материјал од Македонија предизвикува долга и остра српско-бугарска дискусија во периодичните изданија во Русија и на Балканот за историското минато, етно-културниот и јазичниот карактер на населението во Македонија.