Иван Миладиновиќ (роден на 14 август 1994 година) е српски фудбалски дефанзивец кој моментално настапува за екипата на ФК Нижни од Новгород како позајмен играч од екипата на ПФЦ Сочи.
Иван Миладиновиќ е роден во Ќуприја. Тој бил дел од младинската академија на клубот на Јагодина. Откако го минал периодот во младинскиот тим, тој бил позајмен во клубот на Табане за период од две години и тоа годините 2013 и 2014 година, при што таму одиграл 14 натпревари и постигнал 3 гола.[1] Во меѓувреме, тој го одиграл својот прв сениорски натпревар за екипата на Јагодина на натпревар од Купот на Србија против екипата на ОФК Белград. Тој натпревар се одиграл на 9 април 2014 година.[2][3]
На почетокот на 2015 година, Миладиновиќ се приклучил на второлигашкиот клуб на Слога од Краљево како позајмен играч до крајот на сезоната 2014–15 во Првата лига на Србија.[4][5] Играјќи за тимот на Слога, Миладиновиќ имал вкупно 13 натпревари. Пропуштил два натпревари поради казна од добиени жолти картони. Имал добиено и црвен картон на натпреварот против екипата на Слобода од Ужице.[6]
Наредната управа на клубот донела одлука за подмладување на тимот, па така Миладиновиќ се вратил во првиот тим на составот од Јагодина.[7] Својот прв професионален натпревар за клубот во сезоната 2015–16 во српската Суперлига, го имал против екипата на Младост од Лучани.[8] Откако соиграчот Вукашин Томиќ го напуштил клубот на почетокот на 2017 година, Миладиновиќ ја завршил сезоната 2014–15 во Првата лига на Србија како капитен на тимот.[9]
На почетокот на сезоната 2017–18, Миладиновиќ се преселил во српскиот Суперлигаш Раднички од Ниш, потпишувајќи тригодишен професионален договор.[10] Својот прв натпревар со новиот клуб го имал на 9 септември 2017 година во нерешениот натпревар од 1:1 против составот на ОФК Бачка.[11] Неколку дена подоцна, Миладиновиќ го постигнал својот прв гол за екипата на Раднички во победата од 1:0 над клубот на Борац од Чачак. На тој дуел бил избран и за играч на натпреварот.[12]
На 27 јули 2021 година, Миладиновиќ се приклучил на рускиот прволигаш ФК Нижни од Новгород и тоа како позајмен играч од екипата на ПФЦ Сочи.[13]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Табане (како позајмен играч) | 2013–14[1] | Српска Лига Исток | 14 | 3 | — | — | — | 14 | 3 | |||
2014–15[1] | 14 | 3 | — | — | — | 14 | 3 | |||||
Вкупно | 28 | 6 | — | — | — | 28 | 6 | |||||
Слога од Краљево (како позајмен играч) | 2014–15 | Српска Прва Лига | 13 | 0 | — | — | — | 13 | 0 | |||
Јагодина | 2013–14 | Српска Суперлига | 0 | 0 | 1 | 0 | — | — | 1 | 0 | ||
2014–15 | — | — | 0 | 0 | — | 0 | 0 | |||||
2015–16 | 22 | 0 | 3 | 0 | — | — | 25 | 0 | ||||
2016–17 | Српска Прва Лига | 26[б 1] | 2 | 2 | 0 | — | — | 28 | 2 | |||
2017–18 | 2 | 0 | — | — | — | 2 | 0 | |||||
Вкупно | 50 | 2 | 6 | 0 | 0 | 0 | — | 56 | 2 | |||
Раднички од Ниш | 2017–18 | Српска Суперлига | 18 | 1 | 1 | 0 | — | — | 19 | 1 | ||
Сочи | 2018–19 | ФНЛ (прва национална лига) | 32 | 2 | 0 | 0 | — | — | 32 | 2 | ||
2019–20 | РПЛ (Руска Премиер Лига) | 22 | 0 | 1 | 0 | — | — | 23 | 0 | |||
2020–21 | 24 | 1 | 4 | 0 | — | — | 28 | 1 | ||||
Вкупно | 78 | 3 | 5 | 0 | — | — | 83 | 3 | ||||
Нижњи од Новгород (како позајмен играч) | 2021–22 | РПЛ (Руска Премиер лига) | 9 | 0 | 1 | 0 | — | — | 10 | 0 | ||
Вкупно во кариерата | 196 | 12 | 13 | 0 | 0 | 0 | — | 209 | 12 |
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.