Игор Митрески | |||
---|---|---|---|
Митрески во 2012 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 19 февруари 1979 | ||
Роден во | Струга, СР Македонија, СФРЈ | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | Одбрана | ||
Младинска кариера | |||
1995 | Македонија | ||
1995–1998 | Караорман | ||
1998–1999 | Напредок | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1999–2001 | Силекс | 34 | (0) |
2001–2004 | Спартак Москва | 85 | (0) |
2005 | Металург Запорожје | 12 | (0) |
2006 | Беитар Ерусалим | 10 | (1) |
2006–2010 | Енерги Котбус | 76 | (0) |
2009 | → Берсхот (позајмица) | 16 | (0) |
2010 | ЦСКА Софија | 4 | (0) |
2010–2014 | Нефтчи Баку | 101 | (1) |
Репрезентација | |||
2001-2011 | Македонија | 70 | (1) |
Игор Митрески (роден во Струга, 19 февруари 1979), ― поранешен македонски фудбалер, кој играл како одбранбен играч.
Митрески е роден во Струга. На почетокот на 2005 година, тој бил признат како можен член на Баерн Минхен, а подоцна бил блиску да потпише за Портсмут. На 6 ноември тој бил суспендиран од првата екипа од Енерги Котбус. На 9 јануари 2009 година, тој бил позајмен на белгиската екипа Герминал Берсхот.[1]
Една година подоцна, во јануари 2010 година, бугарска ЦСКА од Софија потпишала со Митрески на двегодишен договор за 300.000 евра.
Митрески и ЦСКА Софија меѓусебно се договориле да го раскинат договорот на Митрески бидејќи тој повеќе не бил во нивните планови и Митрески повеќе немал желба да игра за ЦСКА.
Митрески потпишал двегодишен договор со Нефтчи Баку од Азербејџан на 9 јули 2010 година.
Митрески дебитирал за македонската репрезентација во 2001 година на пријателски натпревар против Чешка и има стекнато 70 натпревари во кои постигнал гол еден гол.[2] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во октомври 2011 година за време на Квалификациите за европското првенство 2012 против Ерменија.[3][4]
Спартак Москва
Нефтчи Баку