Проштвата на Мишел Нострадамус на идниот викар до неговиот син Цезар како што е протолкувано од Лорд Абот Јоаким (Vaticinia Michaelis Nostradami de Futuri Christi Vicarii ad Cesarem Filium D. I. A. Interprete) или едноставно Пророштвата на Нострадамус (Vaticinia Nostradami) или попозната како Изгубената книга на Нострадамус е стара книга која содржи колекција на 80 акварел слики кои се подредени во вид на кодекс..[1] Книгата била откриена од италијанските новинари Енза Маса и Роберто Пиноти во Централната национална библиотека во Рим во 1982 година[2] Оваа колекција во библиотеката може денес да се пронајде под името „Fondo Vittorio Emanuele 307“.
Според картузинските забелешки, оваа книга била предадена на кардиналот Мафео Барберини кој подоцна станал Папа Урбан VIII. Понатака од истите извори се забележува дека оваа книга, или сликите, биле направени од францускиот пророк Нострадамус и биле однесени во Рим од неговиот син Цезар де Нотрдам како поклон. Сепак, не постојат сигурни извори дека оваа книга е создадена од страна на Нострадамус.[3] Сликите содржат симболички објекти, писма, животни, ленти, крстови, свеќи, дрва, стрели и слично. Истражувачите на Нострадамус и на Книгата, а поддржани од телевиската продукција History Channel, пробале да ја објаснат содржината на книгата и според нив се работи за пророштва за иднината на човештвото, доминацијата на лошото и доброто и апокалиптична судбина на петтата цивилизација на планетата Земја.
„Изгубената книга на Нострадамус“ на Ризницата ? |