Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Илеш Шпиц | ||
Датум на раѓање | 2 февруари 1902 | ||
Место на раѓање | Будимпешта, Австроунгарија | ||
Датум на починување | 1 октомври 1961 | (возр. 59)||
Место на починување | Скопје, СФР Југославија | ||
Положба | напаѓач | ||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. | (Гол.) |
1916–1927 | ФК Немзет | 79 | (32) |
1928–1932 | ФК Ујпешт | 87 | (57) |
1932–1933 | Хунгарија | 6 | (2) |
1935 | ФК Санкт Гален | ||
1936 | ФК Цирих | ||
Меѓународна кариера | |||
1925–1931 | Унгарија | 6 | (3) |
Тренерска кариера | |||
1937–1939 | Хајдик Сплит | ||
1939–1941 | ФК Граѓански Скопје | ||
1941–1946 | ФК Македонија Скопје | ||
1946 | СР Македонија | ||
1946–1951 | Партизан | ||
1953 | Партизан | ||
1954–1955 | Партизан | ||
1955–1957 | Раднички Белград | ||
1958–1960 | Партизан | ||
1960–1961 | Вардар Скопје | ||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
Илеш Шпиц (2 февруари 1919 во Будимпешта — 1 октомври 1961 во Скопје) — унгарски фудбалер и фудбалски тренер со еврејско потекло.[1]
Бил дојден во Скопје од ФК „Хајдук“ од Сплит за тренер на ФК „Граѓански“ во 1938 година, кој под неготово стручно раководство станал прволигаш во сезоната 1938-1939. Бил тренер и на СК „Македонија“ од Скопје во периодот 1941-1944, член на Елитната дивизија на Бугарија. Окупаторските власти се обиделе да го интернираат во логор на смртта во 1942 година, но поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје. По Ослободувањето го тренирал ФК „Партизан“ од Белград и ФК „Вардар“ од Скопје.
Умрел во Скопје покрај фудбалскиот тренер, непосредно по натпреварот на ФК „Вардар“ против ОФК „Белград“.