Бјорквик на Ингаро | |
Географија | |
---|---|
Координати | 59°16′N 18°28′E / 59.267° СГШ; 18.467° ИГД |
Површина | 63,26 км2 |
Држава | |
Округ | Стокхолм |
Општина | Вермдо |
Ингаро е остров на Стокхолмскиот Архипелаг кој ѝ припаѓа на општината Вермадо на Стокхолмскиот округ. Главното населено место е Брун. Овој остров е со површина од 63 км2 и е 16-ти по величина остров на Шведска.[1][2] Петроглифите (врежани слики во карпи) покажуваат дека островот бил населен уште од нордиското бронзено време. Од XX век, бројот на жителите на Ингаро постојано опаѓа, иако сè повеќе се градат куќи за одмор на островот. Сепак, во скорешно време, како што се зголемува бројот на изградните објекти, а викендашите стануваат постојани жители на островот, бројот на населението на Ингаро почнува да расте. Подобрувањето на комуникациите го олеснува редовното патување од предградјето во главниот град Стокхолм.
На Ингаро бил погребан првиот шведски воздухопловец, Карл Кедерстром, познат како „Летечкиот барон“. На островот постои терен за голф и тениски терени. Постои и нудистичка плажа, сместена кај Återvallssjön, а прва од тој тип отворена во Шведска.[3]
На остров Ингаро постои локација за снимање на филмови, а тука се снимани делови од филмот Sune's Summer од 1933 година,[4] и делови од филмот Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo), со англискиот глумец Даниел Крег.[5]
На 14 јуни 2008 година, Esbjorn Svensson (голем пијанист за џез бендот E.S.T) исчезнал за време на нуркање. Неговите придружници, вклучувајќи го и неговиот тогаш 14-годишен син, на крајот го нашле како лежи во бессознание на морското дно..