Во демонологијата, Ипос е ерл и моќен принц од пеколот (војвода за некои автори) кој има триесет и шест легии на демони под негова команда. Тој знае и може да ги открие сите нешта во минатото, сегашноста и иднината (кај некој автори само иднината, а кај други само минатото и иднината). Тој може да ги направи мажите духовити и храбри.
Најчесто е прикажан со тело на ангел со глава на лав, опашка на зајак и стапала на гуска, поретко во иста форма, но со тело на лав, а ретко како мршојадец.
Други негови имиња: Аиперос, Ајперос, Ајпорос, Ипес.