Ирина Фјодоровна Себрова Ирина Фёдоровна Себрова | |
---|---|
Починал | 5 април 2000 Москва, Руска Федерација |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941-1948 |
Чин | Прв поручник |
Единица | 588. Ноќен бомбашки полк |
Битки/војни | Втора светска војна |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Ирина Фјодоровна Себрова (руски: Ирина Фёдоровна Себрова; 25 декември 1914 – 5 април 2000) беше поручник и пилот на Советските воздухопловни сили кој служи во Ноќните вештерки за време на Втората светска војна. Себрова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 за првите 825 бомбашки мисии.[1]
Родена на 25 декември 1941 година во Тетјаковка, Новомосковск во работничко семејство, Себрова се преселува во Москва и дипломира на Московскиот Универзитет, по што работи во фабрика. На 23 години, веќе станува искусен инструктор по летање на летачкиот клуб Фрунзе во Москва. Во 1938 година, дипломира од Московскиот Аероклуб, а во 1940 година започнува да се обучува за воено воздухопловство.[1]
По придружувањето кон Црвената Армија во октомври 1941 година, ги завршува своите воени воздухопловни студии на Енгелс и е одредена на 588-от Ноќен бомбашки полк во 1942, кој подоцна е наречен „Ноќни вештерки“ од страна на германските трупи. Полкот подоцна е прогласен за гарда со името 46. Гарда на ноќен бомбашки полк под 4. воздухопловна армија. Себрова се вклучува кон Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943. За време на војната, Себрова има 1008 летови со авионот По-2, а по 825-от лет е номинирана за признанието Херој на Советскиот Сојуз, што и го добива на 23 февруари 1945 година.[2][3]
Себрова се пензионира од воздухопловните сили во 1948, придружувајќи му се на Московскиот воздухопловен институт. Умира на 5 април 2000 година и е закопана на Ракитинските гробишта.[4]
Со титулата Херој на Советскиот Сојуз, на Себрова ѝ е доделен Орденот на Ленин.[5] Исто така Ирина е добитник на три Ордени на Црвеното Знаме;[6][7][8] го добива и Орденот на Патриотската Војна од прва и втора класа;[9] the Order of the Red Star;[10] како и други јубилејни медали.[11]