Исаија Бауман

Исаија Бауман
Роден(а)26 декември 1878(1878-12-26)
Ватерлу, Онтарио, Канада
Починал(а)6 јануари 1950(1950-01-06) (возр. 71)
Балтимор, Мериленд, САД
ОбразованиеУниверзитет Харвард
Универзитет Јејл

Исаија Бауман (26 декември 1878, Ватерлу, Онтарио, Канада – 6 јануари 1950, Балтимор, САД) бил американски географ и претседател на Универзитетот Џонс Хопкинс, 1935-1948.

Во негова честе е наречен Баумановиот Брег во Греамовата Земја на Антарктичкиот Полуостров.

Биографија

[уреди | уреди извор]
Карта од книгата The New World од 1922 од Исаија Бауман - Словените во Европа надвор од Русија:
1. Полјаци
1a. Полјаци и Русини
1b. Белоруси
2. Чеси, Моравци, Словаци
3. Русини
4. Србо-Хрвати
4a. Словенци
5. Бугари
6. Македонци

Бауман е роден во Вотерлу, Онтарио, Канада. Семејството било менонитско. Се преселило во Браун Сити, Мичиген, кога тој имал осум недели. Во 1900 година Исаија станал американски државјанин и започнал интензивни подготовки за прием на Харвард.

Во 1915 станал прв директор на Американското географско друштво.[1]

Некои од неговите најзначајни дела се:

  • Forest Physiography (1911)
  • Well-Drilling Methods (1911)
  • South America (1915)
  • The Andes of Southern Peru (1916)
  • The New World-Problems in Political Geography (1921).
  • Desert Trails of Atacama (1924).
  • The Pioneer Fringe (1931)
  • Главен уредник на Limits of Land Settlement (1937)
  1. Wrigley, Gladys (1951). Isaiah Bowman. New York: American Geographical Society. стр. 35.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]