Во исламот, градот Ерусалим е од големо значење. Овој град е трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина. На местото каде денеска се наоѓа Ал Акса, некогаш се простирал ерусалимскиот храм. Во Ерусалим се наоѓа и Златната џамија, место кое според исламот Мухамед воскреснал кон небото. Бројот на муслимани во градот се претпоставува дека е околу 100 000, но некогаш тој број изнесувал многу повеќе. Но по прогласувањето на независноста на Израел, и по арапско-израелскиот конфликт, нивниот број значително се намалил.