Повеќето муслимани во Словенија етнички претежно се Бошњаци и други словенски муслимани.[2] Во 2014 година, имаше 48,266 муслимани во Словенија, односно околу 2,4 проценти од вкупното население.[3] На чело на муслиманската заедница на Словенија е Неджад Грабус.[4]
Демографија на муслимани во Словенија по етничка припадност во 2002 година[5]
Етничка припадност | Муслимани | Процент |
---|---|---|
Босански муслимани (Бошњаци) | 19,923 | 41.95% |
Муслимани по националност | 9,328 | 19.64% |
"Бошњаци" (самодекларирани) | 5,724 | 12.05% |
Албанци | 5,237 | 11.03% |
Словенци | 1,506 | 3.17% |
Роми | 868 | 1.83% |
Црногорци | 634 | 1.33% |
Македонци | 507 | 1.07% |
"Југословени" (самодекларирани) | 55 | 0.12% |
Срби | 53 | 0.11% |
Хрвати | 30 | 0.06% |
Унгарци | 8 | 0.02% |
Пакистанци | 8 | 0.02% |
Без одговор | 817 | 1.72% |
Етнички недекларирани | 721 | 1.52% |
Други | 445 | 0.94% |
Непознато | 308 | 0.65% |
Регионално определени | 15 | 0.03% |
Вкупно | 47,488 | 100% |
Била изградена една џамија во Лог-под-Мангартом, село денес во екстремниот северозападен дел на Словенија, од страна на босанско-херцеговинскиот пешадиски полк бр.4 за време на Првата светска војна и веројатно урната наскоро по војната.[6] Во ноември 2013 започнала изградбата на џамија во Љубљана која била завршена во 2016 година.
Во септември 2013 била создадена фондацијата за изградба на џамија која 70% беше финансирана од Катар, 44 години откако беше поднесено барање за изградба на џамија. Беше планирано џамијата да вклучува и културен центар со цена од $16 милиони долари и изградбата требаше да биде завршена до 2016 година. На отворањето присуствувала и премиерката Аленка Братушек која ја нарече градбата "симболична победа против сите форми на верска нетолеранција" и според која Европа би била помалку културно богата без исламот. Присуствувале околу 10.000 други лица вклучувајќи го и љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ и анонимен владин министер од Катар. Највисокиот исламски авторитет во Словенија, муфтијата Неджад Грабус рече: "Ние сме среќни да го започнеме овој граѓански проект во Љубљана, која на овој начин ќе стане подобро познат и поплуралистички град."[7] На церемонијата присуствувал и бошњачки член на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ. Други кои присуствуваа беа поранешниот претседател на Словенија, Данило Турк и муфтијата на Исламската заедница на Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ.[8] Проектот се соочи со административни пречки и беше политички ризик во претежно римокатоличката земја. Тој исто така се соочи со можен референдум за ова прашање во 2004 година со 12,000 потписи за него; меѓутоа, Уставниот суд на Словенија го одби барањето врз основа на слободата на вероисповед. Тој исто така беше контроверзен поради финансиската криза во која била земјата. На свеченоста исто така беа ретка глетка жените со покривки за глава.[9]