Лични податоци | |
---|---|
Роден(а) | 3 јануари 1960 Скопје, СФР Југославија |
Починал(а) | 21 јануари 2019 Белград, Србија | (возр. 59)
Висина | 1,67 м[1] |
Тежина | 61 кг |
Спорт | |
Спорт | атлетика |
Дисциплини | 400 метри |
Клуб | Црвена Ѕвезда |
Исмаил Мачев (3 јануари 1960 во Скопје — 21 јануари 2019 во Белград) — македонски и југословенски атлетичар кој се натпреварувал на 400 метри.[2] Учествувал на Летните олимписки игри 1988 и на две светски првенства. Бил добитник на сребрен медал на Средоземните игри во 1987 година.
Мачев е роден во Скопје на 3 јануари 1960 година. Тој во кариерата има постигнато бројни успеси, меѓу кои се двата сребрени медали на Средоземните игри, во 1987 година во Сирија и 1991 година во Атина. Учествувал на ЛОИ 1988, како и на неколку Светски првенства. Во негова сопственост е и актуелниот рекорд на 400 метри, кој е сѐ уште недостижен за активните атлетичари - 45,83 секунди.
Мачев бил член на познатата „најбрза бела штафета“ 4x400 метри, заедно со Слободан Бранковиќ, Дејан Јовковиќ и Ненад Ѓуровиќ, која на Светското првенство во Токио во 1991 година го освоила четвртото место.
После натпреварувачката кариера Исмаил Мачев работел како тренер во Црвена Ѕвезда во Белград, каде бил премногу ценет и каде неколкупати добил награди за најдобар тренер во младински категории. По долго и тешко боледување, починал во Белград на 21 јануари 2019 година. Тој повеќе од две години се борел со рак на белите дробови, каде успешно минал и операција, но болеста повторно се вратила.[3]
Година | Натпреварување | Град | Место | Натпреварување | Настан |
---|---|---|---|---|---|
За Југославија | |||||
1982 | Европско првенство | Атина, Грција | 10. (h) | 4×400 м штафета | 3:08,44 |
1983 | Средоземни игри | Казабланка, Мароко | 6. | 400 м | 46,27 |
1986 | Европско првенство во сала | Мадрид, Шпанија | 4. (sf) | 400 м | 47,78 |
Европско првенство | Штутгарт, Западна Германија | 22. (h) | 400 м | 47,52 | |
1987 | Европско првенство во сала | Левен, Франција | 12. (sf) | 400 м | 48,15 |
Светско првенство | Рим, Италија | 29. (qf) | 400 м | 46,54 | |
10. (sf) | 4×400 м штафета | 3:03,30 | |||
Средоземни игри | Латакија, Сирија | 2. | 400 м | 46,23 | |
1988 | Олимписки игри | Сеул, Јужна Кореја | 20. (h) | 400 м | 46,37 |
5. (sf) | 4×400 м штафета | 3:01,59 | |||
1990 | Европско првенство | Сплит, Југославија | 5. | 4×400 м штафета | 3:02,46 |
1991 | Средоземни игри | Атина, Грција | 2. | 4×400 м штафета | 3:03,74 |
Светско првенство | Токио, Јапонија | 4. | 4×400 м штафета | 3:00,32 |
На отворено
Во сала