Askerî Müze | |
Основан | 1950 |
---|---|
Место | Шишли, Истанбул, Турција |
Координати | 41°02′54″N 28°59′18″E / 41.0484° СГШ; 28.9883° ИГД |
Тип | воен музеј |
Истанбулскиот воен музеј (турски: Askerî Müze) — музеј посветен на илјадагодишната турска воена историја. Тој е еден од водечките музеи од ваков вид во светот. Музејот е отворен за јавноста секој ден, освен понеделник и вторник.
Музејот првично бил отворен во црквата Света Ирина. Подоцна во 1950 година, тој бил преместен во зградата на Првата армија во Кумхуриет Кадеси, недалеку од плоштадот Таксим во Шишли, Истанбул. Оваа област била местото на Отоманската империјална воена академија. Денеска во музејот се изложени фина колекција на историски оружја, униформи и алатки од различни периоди на армијата. Најважните се величествените шатори за кампањите. Надвор од музејот, изложени се интересни отомански топови и минофрлачи, пиштоли, авиони, хеликоптери.
Воениот центар бил реновиран и повторно отворен во сегашната зграда во 1993 година со многу успешен и современ концепт на изложба. Денес во 22 соби се изложени околу девет илјади парчиња од отоманската ера низ Првата светска војна, од вкупно педесет илјади предмети. Има впечатливи историски богатства, како што е ланецот што Византијците го користеле преку Златниот рог за да ја спречат султанската морнарица во 1453 година да навлезе во градот. Источното крило на музејот се користи за привремени изложби, состаноци и слични активности. На приземјето се прикажани лакови и стрели, оклопни орудија од 17 век за коњите и отомански штитови што ги имале јаничарите, и делови посветени на Селим I, Мехмед Освојувачот, освојувањето на Истанбул, оружје од раните исламски, ирански, кавкаски, европски и турски периоди.
„Истанбулски воен музеј“ на Ризницата ? |