Историските драми на Шекспир

Во „Првото фолио“ драмите на Вилијам Шекспир се групирани во три категории: комедија, трагедија и историска драма. Оваа категоризација е утврдена, иако некои критичари тврдат дека постои и четврта категорија, романса. Историските драми се оние што се засновани врз животот на англиските кралеви. Затоа попрецизно можат да се наречат „ англиски историски драми“, како не толку значајна титула. „Магбет“, драма која е заснована врз животот на еден шкотски крал, се категоризира како трагедија, а не како историска драма, како што е случајот со останатите драми во кои е отсликан животот на некоја историска личност како, на пример, Кориолан, Јулиј Цезар, Антонио и Клеопатра, и легендарниот крал Лир. Овие подоцнежни драми често се вклучуваат во современите студии за Шекспировиот став кон историјата.

Изворот за повеќето англиски историски драми, во кои спаѓаат „Магбет“ и „Кралот Лир“, е добро познатата хроника за англиската историја на Рафаел Холиншед. Плутарховото дело „Споредба на животот на благородните Грци и Римјани“ кое е преведено на англиски јазик во1579 од страна на Томас Норт, е Шекспировиот романски извор за историските драми. Шекспировите историски драми се фокусираат на мал дел од животот на ликовите, а се зачестуваат значајните настани заради драмската цел. Политика Шекспир живее во периодот на владеењето на кралицата Елизабета I, последниот монарх од кралството на Тјудорите, и неговите драми се сметаат како средство за ширење на тјудоровска пропаганда, бидејќи покажуваат опасност од граѓанската војна како и славење на основачот на Тјудоровата династија. Ова го гледуваме во „Ричард Трети“, каде што последниот член на соперничкото семејство Јорк е опишан како злобно чудовиште (флаширан пајак, крастава жаба), слика оспорувана од многу современи историчари, додека пак, Хенри VII е претставен во најдобро светло. Политичкото влијание е очигледно и во „Хенри VIII“,што завршува со славење на раѓањето на Елизабета. Како и да е, Шекспировото славење на тјудоровското владеење е помалку важно во овие драми отколку претставувањето на спектакуларниот пад на средновековниот свет. Покрај тоа, во некои од Шекспировите историски драми, особено „Ричард Трети“, се посочува дека средновековниот свет дојде до својот крај кога опортунизмот и макијавелизмот започнаа да ја наметнуваат својата политика. Со носталгично евоцирање на доцниот среден век, овие драми ја опишуваат политичката и социјалната еволуција што доведе до вистинските методи на тјудоровското владеење, па така овие драми се сметаат како пристрасна критика на сопствената држава. Толкување Џон Ф. Данби, во „Шекспировата докторина за природата“ (1949) ја истражува реакцијата на Шекспировите историски драми за оваа тешко прашање: „кога е време за побуна?“ и доаѓа до заклучок дека Шекспировото размислување поминува низ три фази:

  • Драмите за време на Војната на розите, од „Хенри VI“ до „Ричард III“, во кои Шекспир покажува нова верба во обезбожувањето, напаѓајќи ја божествената средновековна структура претставена со Хенри VI. Тој укажува дека бунтот против овластениот божествен крал е погрешен и дека само чудовиште како Ричард од Глостер би се обидел.
  • Во „Кралот Џон“ и во периодот од „Ричард II“ до „Хенри V“, Шекспир доаѓа во допир со макијавелизмот кој во тоа време, како што тој смета, е под влијание на Елизабета. Во овие драми тој ја усвојува официјалната тјудоровска идеологија дека отпорот, дури и против погрешниот узурпатор, е неоправдан.
  • „Од Јулиј Цезар“ па натаму, Шекспир ја оправдува тиранијата, но за таа цел тој се оддалечува од англиската историја прикривајќи ја со римската, данската, шкотската или античко-британската историја. Данби тврди дека Шекспировото изучување на политиката на Макијавели е клучно за неговите гледишта кон историјата. Ричард III, вонбрачното дете во „Кралот Џон“, Хал и Фалстаф се сите макијавелистички, карактеризирани со различен степен на искреност од луѓето кои се занимаваат со „Артиклот“ (т.е. предност, профит, експедитивност). Шекспир во овој момент се преправа дека Хенриевиот тип е макијавелистички и општеството што тој го претставува е историски неминовно. Хотспур и принцот Хал се наследници, едниот средновековен, другиот модерен, при поделбата на Фалконбриџ. Како што тврди Данби, кога Хал го одбива Фалстаф, тој не реформира, што е од заеднички интерес, туку едноставно преминува од едно кон друго општествено ниво - од алчност кон авторитет. И двете општествени нивоа подеднакво припаѓаат на едно корумпирано општество од тоа време. Од нив двајца, Данби тврди дека подобра личност е Фалстаф. Во „Јулиј Цезар“, имаме сличен конфликт меѓу макијавелистите: благородниот Брут е жртва на неговите макијавелистички соработници, додека пак победничката наредба на Антониј како и на Хал е претставена како нешто негативно. Во „Хамлет“, кралот-убиец повеќе го опфаќа приватниот отколку јавниот морал – поединецот се бори со сопствената совест и грешноста е во центарот на вниманието. Хамлет, како и Едгар во „Кралот Лир“ мора да стане „макијавелист на доброто“. Во „Магбет“ повторно се опфаќа јавниот морал, но јавното зло произлегува од основниот бунт на Магбет против својата природа. „Коренот на макијавелизмот лежи во погрешниот избор. Макијавели е потполно свесен за големата рамка на природата што тој ја прекршува“.

„Кралот Лир“, според Денби, е Шекспировата најдобра историска алегорија. Постарото средновековно општество со својот сенилен крал прави грешка и е загрозено од новиот макијавелизам; тоа е регенерирано и спречено од визијата за нов поредок отелотворен од отфрлената кралска ќерка. Во периодот кога го создава Едмунд, Шекспир веќе не глуми дека халовскиот тип на макијавелист заслужува восхит; и во „Крал Лир“, тој го осудува општеството за кое сметаме дека е историски неминовно. Наспроти ова, тој се држи до идеалот на трансцендентната заедница и нè потсетува на „вистинските потреби“ на човештвото кои во пазарното општество доведуваат до насилство. Оваа „нова“ работа која Шекспир ја разоткрива е отелотворена во Корделија. Драмата што нуди алтернатива на феудалниот-макијавелистички антагонизам, алтернатива најавена во говорот на Франција (I.1.245-256), во молитвите на Лир и Глостер (III.4 28-36;. IV.1.61-66) и во ликот на Корделија. Таа во алегориска замисла е тројна: личност, етнички принципи и заедница. Додека да се создаде пристојно општество, наша цел е да го земеме за пример Едгар, макијавелист на трпение, храброст и зрелост. По „Кралот Лир“, Шекспировите погледи изгледаат како приватната добрина да е постојана само во пристојното општество.

Список на Шекспирови историски драми од Англија

[уреди | уреди извор]

Драмите се подредени според хронолошкиот редослед на случувањата. Кралот Џон е најраниот крал кој се наоѓа на листата, а Хенри VIII е најблиску до Шекспировото време. Листата не е подредена според составот на драмското дело. Заради поголема прегледност, оваа листа го изостава целосно или делумно насловот на драмата. Шекспировата шкотска историска драма „Магбет“, која се случува во средината на XI век за време на владеењето на Данкан I и Едвард Исповедник претходи на англиските истории.

  • Крал Џон
  • Едвард III
  • Ричард II
  • Хенри IV прв дел
  • Хенри IV втор дел
  • Хенри V
  • Хенри VI прв дел
  • Хенри VI втор дел
  • Хенри VI трет дел
  • Ричард III
  • Хенри VIII

Периодот на Војната на розите

[уреди | уреди извор]

Војната / војните на Розите е израз што се употребува за да се опише граѓанската војна во Англија меѓу династиите Ланкастер и Јорк. Некои случувања за време на војната се претставени од Шекспир во неговите историски драми како што се Ричард II; Хенри IV, први дел; Хенри VI, втори дел; Хенри V; Хенри VI, први дел; Хенри VI, втори дел; Хенри VI, трети дел; и Ричард III. Во XX и XXI век има бројни изведби на драмите вклучувајќи:

  • Првата театралогија („Хенри VI“ од прв до трет дел и „Ричард III“) како циклус
  • Втората тетралогија („Ричард II“, „Хенри IV“ прв и втор дел и „Хенри V“)
  • Сите осум драми по историски редослед (втората тетралогија) како циклус. Кога овој циклус се изведе во целост од страна на компанијата во која работеше Шекспир, Ројал, во 1964 година, името Војната / Војните на розите често се користеше да се означи овој циклус во целина.
  • Циклус составен од 10 историски драми којпочнува со новоинтерпретираната „Едвард III“, анонимната „Томас од Вудсток“, па потоа осумте драми од „Ричард II“ до „Ричард III“ беше изведен од Тихоокеанскиот театар Репертоар под насловот „Кралска крв“, фраза употребувана за време на изведбите. Целиот циклус е изведен во текот на четири последователни сезони од 2001 до 2004 година, во режија на основачот Рак Реп и уметничкиот директор Стефан Мурер.

Циклусот е снимен четири пати

[уреди | уреди извор]
  • Во 1960 година во Велика Британија за серијата Ерата на кралевите во режија на Мајкл Хејс.*Во 1956 година во Велика Британија за серијата Војната на розите заснована на поставката на ЦРС во 1964 во режија на Џон Бартон и Питер Хол; и
  • За видео снимање, директно од сцената, на англиски Шекспировата Компанија „Војните на розите“ во режија на Мајкл Богданов и Мајкл Пенингтон.
  • За Би-Би-Си телевизија Шекспир, во 1983 година во режија на Џејн Хауел

Втората тетралогија е основа на филмот Ѕвонци на полноќ (позната и како Фалстаф) во режија и главна улога на Орсон Велс.

Список на римски историски драми од Шекспир

[уреди | уреди извор]

Драмите се подредени хронолошки. Оваа листа не се одразува на степенот на квалитет на драмите. Одредени делови од насловите се скратени.

Кориолан

Јулиј Цезар

Антониј и Клеопатра

[1]