Истражување на историјата (англиски: A Study of History) e капитален енциклопедичен систематизиран научен труд по историја на цивилизациите и културна антропологија, создаден од британскиот историчари филозоф Арнолд Тојнби [1].
Првите 3 тома излегуваат во 1934 година под издавачката куќа на Оксфордскиот универзитет. Други четири се издадени во предвечерието на Втората светска војна - во 1939 година, а во 1954 излегуваат уште три тома. Во 1959 година, Тојнби заедно со Едвард Мајер го издал претпоследниот том, а во 1961 година бил издаден последниот том од ова дело со што било финализирано истражувањето кое се состоело од 12 тома.
Во средината на 20 век (1946 1957 и 1960), Д. Ц. Сомервел издал скратена верзија на ова дело во два тома. Оваа верзија била преведена на повеќе јазици и придонела за популаризација на идеите на Арнолд Тојнби. Самиот Тојнби во 1972 година, заедно со Јан Каплан, објавил сопствена илустрирана верзија во еден том.