Италијански национален карантин во 2020 година | |
---|---|
Датум | 9 март 2020 – денес |
Место | Италија |
Повод | пандемија на коронавирус 2019–20 |
Цели | Да се сопре ширењето на COVID-19 во Италија |
Начини | Прегледни станици за причините за патување од една општина во друга, забрана на јавни настани, затворање на сите комерцијални и угостителски услуги, затворање на сите училишта и факултети до 3 април и други забрани. |
Исход | Околу 60 милјони граѓани во карантин (цела Италија) |
На 9 март 2020 година, владата на Италија под премиерот Џузепе Конте воведе национален карантин, ограничувајќи го движењето на населението освен при неопходност, работа и здравствени околности како одговор на брзото ширење на COVID-19 во земјата. Дополнителните ограничувања на карантинот наложуваат привремено затворање на несуштински продавници и деловни активности. На ова му проследи претходното ограничување, објавено претходниот ден, кое зафати шеснаесет милиони луѓе и го вклучуваше регионот Ломбардија и четиринаесет провинции во регионите Емилија-Ромања, Венето, Пиемонте и Марке, а пред тоа, кон крајот на февруари, ограбичувањето опфати помал број, т.е единаесет општини во провинцијата Лоди.
По брзото ширење на коронавирусот од 2019 година што започна во Вухан, Хубеј, Кина, на 30 јануари 2020 година, италијанската влада ги потврди првите случаи на оваа болест во земјата, кога вирусот беше откриен кај двајца кинески туристи коишто ја посетиле Италија.[1] Третиот случај беше потврден на 7 февруари, при што пациентот беше Италијанец евакуиран од Вухан.[2] Бројот на потврдени случаи порасна на 21 февруари, кога заразата со оваа болест беше потврдена кај шеснаесет лица во Ломбардија и Венето.[3] По првите два смртни случаи на заболени од ворусов, неколку градови во Ломбардија се ставија под карантин поради големиот број заразени пациенти во регионот.[4]
Првите воведувања на карантин започнаа околу 21 февруари 2020 година, опфаќајќи единаесет општини во ломбардијската провинција Лоди и зафатија околу 50.000 луѓе.[5] Епицентарот беше градот Кодоњо (16 000 луѓе), при што полициските автомобили ги блокираа патишта кои водат кон областите под карантин и подигнаа бариери на патиштата.[6] „Црвената зона“ (зона роса) под карантин првично беше спроведена од полицијата и карабињерите,[7] а на 27 февруари беше објавено дека 400 полицајци ја чуваат со 35 контролни станици. Вонредната состојба првично требаше да трае до 6 март. Иако на жителите им беше дозволено да ги напуштаат своите домови за да внесат материјали, како храна и лекови, им беше забрането да одат на училиште или на работа, а забранети беа и јавните собири.[8] Железничкиот транспорт, исто така, беше прекинат во регионот.[9]
Утрината на 8 март ден недела 2020 година, италијанскиот премиер Џузепе Конте најави проширување на карантинската зона со цел таа да опфати поголем дел од северна Италија, зафаќајќи над шеснаесет милиони луѓе, ограничувајќи го патувањето од, до и во погодените области, забранувајќи погреби и културни настани и барајќи од луѓето да држат барем еден метар растојание едни од други на јавни места како што се ресторани, храмови и супермаркети.[10] Конте подоцна на прес-конференција појасни дека одлуката не е „апсолутна забрана“ и дека луѓето сепак ќе можат да патуваат со возови и авиони до и од регионот при „оправдани работни потреби, вонредни состојби или здравствени причини“.[11] Покрај тоа, на туристите однадвор сè уште им беше дозволено да ја напуштат областа.[12]
Рестораните и кафичите сè уште можеа да работат, но работното време им беше ограничено од 6 до 18 часот, додека многу други јавни места како спортски сали, ноќни клубови, музеи и базени беа целосно затворени.[13] На бизнисите им беше наредено да спроведат „паметни работни процеси“ за да им овозможат на своите вработени да работат од дома.[14] Со Указот (Декрет), на сила од 3 април, дополнително им се откажаа сите отсуства на медицинските работници, а владата пак воведе парични казни или затворски, во траење до три месеци, за лицата фатени како излегуваат или влегуваат во погодената зона, без дозвола.[15] Со Указот, исто така се ограничија јавните собири на други места, низ цела Италија.[16] Со оваа одлука исто така беше укината и првичната „Црвена зона“ (иако општините останаа во рамките на карантираното подрачје).[17]
Мерките за национален карантин спроведени од страна на Италија се сметаат за најдрастична мерка спроведена против проширувањето на вирусот, надвор од мерките за национален карантин спроведени во Кина .[13] Во времето на донесување на декретот (Одлуката), во Италија биле потврдени над 5.800 случаи на коронавирус и 233 жртви.[15] Нацртот на Декретот, пред да влезе во сила, им беше претставен на медиумите доцна во саботата навечер, а истиот беше објавен и во весникот Кориере дела Сера,[18] што предизвика паника во рамките на областите под карантин и реакции од политичарите во регионот.[10] Ла Република објави дека стотици луѓе во Милано побрзаа да го напуштат градот со последните возови во саботата навечер, како дел од панично бегање од црвената зона.[19] Но, неколку часа по потпишувањето на Указот медиумите објавија дека имало релативно малку промени, а возовите и авионите сè уште редовно ќе се обраќале до и од регионот, а рестораните и кафичите ќе работеле нормално.[20] Би-Би-Си објави дека некои летови кон Милано продолжиле на 8 март, иако многу од нив биле откажани. Новите упатства против коронавирусот им ја префрлија одговорноста на локалните судови при одлучување дали авионскиот превоз треба да се прекине.
Провинција | Регион | Население |
---|---|---|
Алесандрија | Пиемонт | 420,017 |
Асти | Пиемонт | 214.342 |
Бергамо | Ломбардија | 1.115.536 |
Бреша | Ломбардија | 1.265.954 |
Комо | Ломбардија | 599.204 |
Кремона | Ломбардија | 358.955 |
Леко | Ломбардија | 337.380 |
Лоди | Ломбардија | 230.198 |
Мантова | Ломбардија | 411,958 |
Милано | Ломбардија | 3.263.206 |
Модена | Емилија-Ромања | 705.422 |
Монца и Бријанза | Ломбардија | 875.769 |
Новара | Пиемонте | 368.607 |
Падова | Венето | 938,957 |
Парма | Емилија-Ромања | 452.022 |
Павија | Ломбардија | 545.888 |
Песаро и Урбино | Марке | 358.886 |
Пјаченца | Емилија-Ромања | 287.152 |
Реџо Емилија | Емилија-Ромања | 531.891 |
Римини | Емилија-Ромања | 339.437 |
Сондрио | Ломбардија | 180.811 |
Тревизо | Венето | 888.229 |
Варезе | Ломбардија | 890.768 |
Венеција | Венето | 857.841 |
Вербано-Кусио-Осола | Пиемонте | 157.844 |
Верчели | Пиемонте | 170.229 |
Вкупно во карантин | 16.466.636 |
Територијата под карантин, заклучно со 8 март 2020 година, го опфати целиот регион на Ломбардија, вклучувајќи и четиринаесет провинции во Пиемонте, Венето, Емилија-Ромања и Марке. Оваа територија, меѓудругото, ги вклучува градовите Милано и Венеција, а се состои од три одделни региони (регионот на Ломбардија, регионот на Венеција и останатата зона околу Сан Марино). Погодената област е населена со над шеснаесет милиони луѓе, околу една четвртина од италијанското население.[22] Областите под карантин зафатија површина од околу 56,000 км2[20]
Вечерта на 9 март, карантинските мерки беа проширени во целата земја, стапувајќи на сила веќе од следниот ден. Во телевизиското обраќање, премиерот Конте објасни дека со ваквите мерки на владата на граѓаните ќе им се забрани да патуваат, освен ако тоа е нужно за вршење работа или при семејни вонредни состојби, а сите спортски настани ќе бидат откажани.[23] Италија беше првата земја што воведе национален карантин како одговор на појавата на коронавирус во 2020 година.[24]
Премиерот на Италија Џузепе Конте на 11 март објави дека ќе се воведат построги правила, со затворање на сите трговски и малопродажни бизниси, освен оние што обезбедуваат основни услуги, како прехранбени продавници и аптеки.[25]
Лујџи Ди Мајо, министерот за надворешни работи, изјави дека националниот карантин е неопходен за Италија.[26] Италијанските власти воведоа санкции за оние што нема да ги почитуваат одлуките, дури и оние кои со симптоми на вирус, се изложуваат на јавни места, ќе ги сметаат како закана за ширење зараза со намера.[27]
Проширувањето на вирусот COVID-19 во Македонија е непосредно поврзано со неговата појава во Италија. Првиот случај во Македонија, регистриран на 26 февруари е кај пациентка која се враќала од патување во Италија[28], а и сопружниците од Центар Жупа, со кои се поврзани речиси сите случаи во областа на Дебар/Центар Жупа, се повратници од Италија.[29]
Italy is the world's first country to place its entire territory under quarantine