Кабалерија била единица за мерење на земјиштето во шпанските колонии во Америка за време на Шпанската империја во 16-тиот до 19-тиот век.[1] Таа била еквивалентна на 78,58хектари.[2] Единицата пристигнала од Шпанија, каде што веќе била во употреба.[3]
Декретот на кралот Фердинанд V од 18 јуни 1513 година е првиот познат закон со кој се доделувало земја во Америка на Европејците.[4] Уредбата диктирала дека освоените земји може да му бидат доделени на шпанскиот војник во две единици: кабалерии и пеони. Декретот го проширил на Новиот свет системот кој Кастиља веќе го користела за областите што ги освоиле во Европа. Додека „пеонија“ била количината на земја доделена на пешадинец во пензија, една кабалерија била количина доделена на коњаник во пензија. Кабалеријата бил над четири пати поголема од пеонија.[5][6]
Земјишта со големина од една или повеќе кабалерии биле издадени на членовите на коњаницата на шпанската воена чета по победата над територијата за време на воена освојувачка експедиција, со услов штом војникот реши да живее на таква локација, тие би се обврзале на одбрана на градот во кој престојувале.
Како што слободното земјиште станало помалку достапно за доделување од страна на шпанската круна, и бидејќи делови од кабалерите биле разделени од нивните сопственици во продажни трансакции во помали земјишни единици премногу мали за да се мерат во кабалерии и, на тој начин, да се мерат во попогодни куерда единици, употребата на единиците на кабалеријата почнала да застарува.[7]