Каваклија Λευκώνας | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°5.54′N 23°29.46′E / 41.09233°N 23.49100°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Сер |
Општ. единица | Каваклија |
Надм. вис. | 70 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 2.221 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Каваклија или Кавакли (грчки: Λευκώνας, Левконас; до 1928 г. Καβακλή, Кавакли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес тие се околу половина од населението.[3]
Селото се наоѓа во Серското Поле, на 5 км северозападно од градот Сер.
Во XIX век Каваклија било чисто македонско село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Кавакли (Kavakli) имало 27 домаќинства сочинети од 80 жители Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:
„ | Кавакли, чифлик на х. Зеки-бег, како и Вишен. Кавакли е најплодното село по целото поле; пространа земја за орање, градини, ливади, кошари за овци. Се наоѓа на З од градот 1⁄2 час. 50 куќи, македонски.[6][7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Кавакли има 270 жители Македонци христијани.[4][8]
Сето население на Каваклија биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кавакли (Kavakli) живееле 328 Македонци патријаршисти[4]. Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 14 ученици.[9]
Во 1908-1912 г. во Долна Каваклија е изграден гробишниот храм „Успение на пресв. Богородица“.[10]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 462 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 410.[3] Сосема мал број семејства се иселиле во Бугарија под притисок на грчката власт, но во селото сепак биле доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото е преименувано во Левкон. На пописот од таа година Каваклија е заведено како етнички мешано село со 1.514 жители[3] од кои 755 биле дојденци (198 семејства), а остатокот македонски мештани.[11] Владата на дојденците им изградила нови куќи.
Црквата „Св. Ѓорѓи“ в Горно Каваклия е от първата половина на XX век.[12]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Хаџика[13] | Χατζίκα | Хаѕедејка | Χατζεδαίϊκα[14] | месност на ЈЗ од Каваклија[13] |
Полјанка[13] | Παλιάγκα | Гемато | Γεμάτο[14] | возвишение на Шарлија на СЗ од Каваклија (127 м)[13] |
Долно Престо[13] | Κάτω Πρέστο | Палами | Παλάμη[14] | возвишение на Шарлија на С од Каваклија[13] (244 м)[15] |
Кавакли[13] | Καβακλή | Левки Корифи | Λευκή Κορυφή[14] | возвишение на Шарлија на СИ од Каваклија (324,9 м)[13] |
Рахово[13] | Ράχοβο | Рахи Висанис | Ράχη Βήσανης[14] | месност на Шарлија на ССИ од Каваклија[13] |
Кизил Јар[13] | Κιζίλ Γιάρ | Ериторема | Έρυθρόρεμα[14] | река во Шарлија на СИ од Каваклија[13] |
Ќучук Али[13] | Κουτσούκ Άλή | Мега Рема | Μέγα Ρέμα[14] | реката од Шарлија која минува низ Каваклија[13] |
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.522 | 1.524 | 1.753 | 1.409 | 1.568 | 1.741 | 2.136 | 2.388 |
|month=
(help)
|