Кавеја (латински: cavea; преведено: „преграда“) ― поим кој се однесува на седиштата на римските театри и амфитеатри. Кавејата традиционално била организирана во три хоризонтални делови, што одговараат на општествената класа на гледачите:[1]
Слично на тоа, првиот ред бил наречен прима (прва) кавеја, а последниот ред бил наречен кавеја ултима (крајна). Кавејата била дополнително поделена вертикално на кунеи. Кунеус (cuneus; латински „клин“; множина, cunei) бил дел во облик на клин разделен со скали (scalae).
Кавејата исто така се однесувала и на подземните ќелии во кои дивите ѕверови биле затворени пред борбите во римската арена.[2]
|title=
(help)
|