Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Камаитачи (鎌鼬 ) (鎌鼬?) е јапонски Јокаи (дух) за којшто често се зборува во Кошинецу регионот.
Тие се појавуваат јавајќи на демони направени од прашина, тие ги сечат луѓето користејќи ги своите нокти на рацете коишто наликуваат на српови. Жртвите би добиле остра рана од сечењето, но не би чувствувале болка.
Тие се многу слични на Квионгите од Кина.
Легенди за ѓаволски ветрови кои ги сечат луѓето се спомнувани Чибу, Кансај други региони. Има многу легенди за нив во поснежните региони, а има и некои региони каде што ги сметаат и самите вијулици за камаитачи.
Во Шинецу регионот се верува дека камаитачите се творби на некој лош бог, а има и фолклорно верување дека ако се згазне на календар ќе се појави Камаитачи.
Во Тухоку се верува дека кога некој ќе добие рана од камаитачи треба да се стави целосно изгорен стар календар на раната за поборзо да заздрави.
Во Хида, во басенот на Ниу реката, се вели дека се три лоши богови, првиот би го бутнал долу човекот, следниот би го пресекол, и третиот би ставил лек на раната.
Во Јошио областа од Нара Префектурата, се верува дека кога ќе те гризне камаитачи кое што е невидливо, ќе се сопнеш, и иако не ти тече крв, имаш голема рана.