На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Канатларци се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 142 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.650 Турци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Канатларци живеат 972 жители и претставува голема населба.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.202 жители, од кои 79 Македонци, 2 Албанци, 973 Турци, 102 Бошњаци и 46 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Канатларци е македонско-турско-бошњачко-албанско село.
Турски родови се:Текешенлар (17 к.), Шемкалар (10 к.), Буцкалар (40 к.), Кртелер (40 к.), Ќиванлар (24 к.), Пилелер (24 к.), Суљишлер (20 к.), Асанчелер (15 к.), Абусинлар (20 к.), Амзалар (25 к.), Максутлар (15 к.), Чочанлар (30 к.), Софталар (25 к.), Дауталар (10 к.), Максуталар (20 к.) и Кивалар (5 к.). Последниот род е доселен од селото Карамани. Сите турски родови се доселени во XVIII век од Мала Азија.
Бошњачки родови:Козиќи (5 к.), Рустемовиќи (2 к.), Тмушиќи (2 к.) и Латовиќи (1 к.) доселени се во 1955 година од селото Дунишиќ кај Сјеница; Реџо (1 к.) доселени се кога и претходните родови од некое село кај Нови Пазар.
Албански родови: 1955 и 1956 година на имотите на иселените турски родови се населиле и шест албански домаќинства, потекнувале од села кај Косовска Митровица.[9]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.