Катерина Велика | |
---|---|
![]() | |
Година на изработка | 1914 |
Нарачател | Николај II |
Примател | Марија Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | музеј Хилвуд |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Хенрик Вигстрем |
Употребен материјал | злато, емајл, дијаманти |
Висина | 121 мм |
Изненадување | Катерина Велика на столица (изгубен) |
Катерина Велика – јувелирно јајце, едно од педесет и четирите велигденски царски Фабержеови јајца, изработени од фирмата Фаберже на Карл Фаберже за руското царско семејство.
Истото ѝ било подарок во 1914 година на царицата-мајка Марија Фјодоровна од нејзиниот син царот Николај II, кој имал отворена нарачка за две велигденски јајца секоја година, едно за неговата мајка и едно за неговата сопруга.
Јајцето го изработил Хенрик Вигстрем, „последниот главен мајстор на Фаберже“. Јајцето било изработено од злато и дијаманти поставено на шепи со канџи презентира панели од емајл обоени во камео стил со минијатурни алегорични сцени од уметностите и науките заснована на францускиот уметник Франсоа Буше.
Во писмото до својата сестра кралицата Александра од Англија, царицата-мајка го опишала јајцето:[1]
Тој (Николај II) ми напиша најшармантно писмо и ми подари најубаво велигденско јајце. Фаберже лично ми го донесе. Тоа е право „ремек-дело“ во розов емајл, а во него двајца црнци ја носат столицата во која седи царицата Катерина со мала круна на главата. Го навиваш и црнците одат: неверојатно е убаво и прекрасно дело. Фаберже е најголемиот гениј на нашето време и му реков: Vous êtes un génie incomparable (Вие сте неспоредлив гениј).
Изненадувањето на јајцето, опишано и како „механичка носилка која ја носат двајца црномурести со Катерина Велика која седи во неа, било изгубено.[2]
Тоа е дел од колекцијата Марџори Мериведер Пост во музејот Хилвуд во Вашингтон.[2]
|accessdate=
(help)