Католичката црква во Белорусија — дел од светската Римокатоличката црква, под духовно водство на папата во Рим. Првата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година. Католицизмот беше традиционално доминантна религија меѓу белоруското благородништво (шљахта) и меѓу голем дел од популацијата на Западна Белорусија.
Од 2016 година, 1,632,605 католици живеат во земјата и претставуваат околу 17% од вкупното население.[1] Повеќето од нив припаѓаат на епархии според римскиот обред. Мало малцинство припаѓаат на епархии според византискиот обред, формирајќи ја посебната Белоруска грчка католичка црква, која е во сојуз со Светиот престол и го следи византискиот словенски ритуал.
Полските и литванските малцинства во Белорусија се главно католици според римскиот обред, но повеќе од 1 милион католици според римскиот обред се етнички Белоруси (над 15% од вкупниот број етнички Белоруси). гркокатолиците се претежно етнички Белоруси и мал број на Украинци.
Една митрополитна архиепископија:
Три суфрагански епархии:
Митрополитниот архиепископ Тадеуш Кондрусјевич е водач на Католичката црква според римскиот обред во Белорусија.
Првата епархија според римскиот обред во Белорусија била основана во Туров помеѓу 1008 и 1013 година.
Католицизмот беше традиционално доминантна религија на белоруското благородништвото (шљахта) и на голем дел од популацијата на Западна Белорусија.
Во минатото постоеше и една архиепископија во Полоцк. Свети Јосафат Кунцевич беше архиепископ од 1618 до 1623 година како наследник на друг архиепископ.