Католичка црква на Косово – верска заедница на Косово. Заедницата брои околу 65 000 верници од околу 2 милиони жители на Косово. Уште околу 60 000 косовски католици живеат во странство, главно на работа.[1]
Римокатоличката апостолска администрација на Призрен е црковно подрачје или апостолска управа на Римокатоличката црква на Косово. Седиштето ѝ е во Призрен. Бискупот Доде Ѓерѓи служи како администратор на апостолската управа. Надбискупот Јулиус Јанус, изворно свештеник на римокатоличката надбискупија во Краков е апостолски нунциј во Словенија и на Косово. Претходно служел како апостолски нунциј во Унгарија, а пред тоа како апостолски нунциј во Мозамбик и Руанда.
Светата Столица не го признава Косово како суверена држава.