Кафенец (пеперуга) | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Polyommatus |
Вид: | Кафенец (пеперуга) |
Научен назив | |
Polyommatus admetus (Esper, 1783)[1] | |
Синоними | |
|
Кафенецот (Polyommatus admetus) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Пеперугата била опишана за првпат од Еугениус Јохан Христоф Еспер во 1783 година. Оваа пеперуга може да се најде на Балканот и Турција. Распонот на крилјата на пеперугата е од 30 до 40 мм.[2] Возрасните единки летаат од јуни до август. Ларвите се хранат со растенијата Onobrychis[3] и Lathyrus.
Горната страна и на мажјакот и на женката е кафена, со сина нијанса. Има темни вени и дамка. Кај женките има и црвенкасти точки на задниот дел. Ја има низ Средна Европа, Јужна Европа (без Италија) и Блискиот Исток. Јајцата на пеперугата се зеленкасти, а подоцна стануваат бели. Возрасните единки летаат од јуни до јули. Особено може да се најдат на лаванда.[4]
|