Кемал Унакитан

Кемал Унакитан
Kemal Unakıtan
Министер за финансии
На должноста
18 ноември 2002 – 1 мај 2009
Претходник Сумер Орал
Наследник Мехмет Шимшек
Лични податоци
Роден(а) 14 февруари 1946
Одрин, Турција
Националност Турчин
Партија Партија на правдата и развојот
Вероисповед ислам

Кемал Унакитан (роден на 14 февруари 1946 во Одрин) е турски политичар и поранешен Министер на финансии на Турција од Партија на правдата и развојот.

Во негово време како министер за финансии тој претседавал со голем број на средби и конгреси пред сè на Министерството за финансии, и тоа во време кога Турција располагала со голем национален долг и не успевала да ги собере даноците за да се покрие истите. главно поради овие причини, Унакитан овие проблеми се обидел да ги надмине преку продавање на шумско земјиште, зголемување на даноците за гориво и слично.

На 7 март 2008, Унакитан од страна на списанието за Банкар бил избран за министер за финансии на годината.[1].

  1. „Finance Minister of the Year: Kemal Unakitan“. The Banker. 2008-01-02. Архивирано од изворникот на 2008-03-10. Посетено на 2008-01-02.