Графичка претстава на системот Кеплер-56. Погледот од Земјата е претставен со испрекинатата линија, а точкестите линии ги прикажуваат планетите во системот. Стрелката пак ја покажува вртежната оска на матичната ѕвезда, додека пак тенката полна линија е ѕвездениот екватор. Автор: НАСА
Кеплер-56 — црвен џин[6] на растојание од околу 3.060 светлосни години[5] со малку поголема маса од Сонцето. Се состои од две потврдени планети, едната малку помала од Нептун, а другата малку помала од Сатурн. Двете планети се откриени во 2012 година.
Во 2012 година, забележан е планетарен систем околу Кеплер-56. Планетите подоцна се потврдени со употреба на дополнителни методи.
Астеросеизмолошките изучувања покажале дека орбитите на Кеплер-56b и Кеплер-56c се за 45° над екваторот на ѕвездата. Дополнителните мерења на радијалните брзини откриле присуство на гравитациски растројувања но не се знае дали станува збор за блиска ѕвезда или пак трета планета.[7]
И двете планети Кеплер-56b и Кеплер-56c ќе бидат проголтани од матичната ѕвезда во текот на 130 и 155 милиони години.[8][9]
↑Daniel Huber, Joshua A. Carter, Mauro Barbieri, Andrea Miglio, Katherine M. Deck, Daniel C. Fabrycky, Benjamin T. Montet, Lars A. Buchhave, William J. Chaplin, Saskia Hekker, Josefina Montalbán, Roberto Sanchis-Ojeda, Sarbani Basu, Timothy R. Bedding, Tiago L. Campante, Joergen Christensen-Dalsgaard, Yvonne P. Elsworth, Dennis Stello, Torben Arentoft, Eric B. Ford, Ronald L. Gilliland, Rasmus Handberg, Andrew W. Howard, Howard Isaacson, John Asher Johnson, Christoffer Karoff, Steven D. Kawaler, Hans Kjeldsen, David W. Latham, Mikkel N. Lund, Mia Lundkvist, Geoffrey W. Marcy, Travis S. Metcalfe, Victor Silva Aguirre, Joshua N. Winn (2013-10-21). „Stellar Spin-Orbit Misalignment in a Multiplanet System“. Science. 342 (6156): 331–334. arXiv:1310.4503. Bibcode:2013Sci...342..331H. doi:10.1126/science.1242066. PMID24136961.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)