Целите за спектрална анализа на потфатот се анализирани од проектот 2MASS, како и Слоунските филтри како griz.[3] Кеплеровиот каталог сам по себе не е доволен за пронаоѓање на целите бидејќи само една третина од него е видлива за вселенската опсерваторија.[1] Целосниот каталог опфаќа ѕведи со величини до 21, што дава 13,2 милиони цели, но Кеплеровите сетилници можат да забележат само 6,5 до 4,5 милиони од нив.[1]
KIC е еден од малкуте сеопфатни каталози на видното поле на едно опсерваториско летало.[4] Создаден е поради отсуството на каталози со доволно продлабочени сознанија во целното подрачје во тоа време.[5] Во ставките на каталогот се заведуваат масата, полупречникот, делотворната температура, површинската гравитација (log g), металичноста и црвеното замирање“.[5]
Пример за ставка во каталогот е KIC #10227020. По извесно време ѕвездата покажала сигнал на премин, и со тоа е прогласена за занимливо Кеплерово тело со ознаката KOI-730.[6]
Не сите ѕвезди во Кеплеровиот вносен каталог со планети (потврдени со премин) добиваат ознака на занимливост. Ова се должи на тоа што сигналот од преминот понекогаш го утврдуваат други екипи кои не се дел од овој потфат. Таков пример е Кеплер-78b.[7]