Керански јазик

Керански јазик
Застапен воЧад, Камерун
Говорници(50,000 во 1993 г.)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3ker

Керанскиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од подгрупата на источночадски јазици. Гринберг во своите истражувања го именувал јазикот како „тубуриски“.

Јазикот, според податоците од 1993 година во Чад го зборувале 44.500 луѓе, а вкупниот број на луѓе кои го зборуваат јазикот е 50.500. Јазикот се зборува во регионот Мајо-Кабо Ест во Чад, во близина на езерото Тикем. Исто така, јазикот се зборува во северен Камерун. Нема забележано дијалекти на јазикот и има лексичка сличност од 42% со кваншкиот јазик. Редоследот на зборовите во реченицата е подмет-прирок-предмет. За јазикот има издадено граматика и речник, но писменоста на керански е од 5 до 10%. Јазикот се пишува на латиница.[1]

  1. Керански јазик на „Етнолог“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]