Според истражувањата од 1975 година, родови во селото
Доселеници:Аврамовци (8 к.) и Големинци (1 к.) доселени се во 1830 година од селото Петралица кај Крива Паланка. Аврамовци го знаат следното родословие: Ѓуро (жив на 54 г. во 1975 година) Стојмир-Ѓерас-Михајл-Атанас-Аврам, се доселил Атанас; Женжерци или Чифлижани (7 к.) и Портарци (2 к.) доселени се од селото Тополовиќ; Бестенинци (6 к.) и Мудурци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.[11]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“