Кимантски јазик | |
---|---|
Kemantney | |
Застапен во | Етиопија |
Подрачје | Амхарски Регион |
Народ | 172,000 (попис, 1994) |
Говорници | (1.700 во 1994 г.) |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | ahg |
| |
Кимантскиот е афроазиски јазик, кој денес е под глема опасност од целосно изумирање. Јазикот го зборуваат Кимантите во северна Етиопија.
Јазикот е дел од западната гранка на агавските јазици.[1] Заедно со овие јазици, кимантскиот е дел од големото африазиско јазично семејство.
уснени | алвеоларни | непчени | меконепчени | |||
---|---|---|---|---|---|---|
рамни | лабијализирано | |||||
Носни | m | n | ŋ | ŋʷ | ||
Стопирачки | безвучни | t | tʃ | k | kʷ | |
звучни | b | d | dʒ | ɡ | ɡʷ | |
струјни | безвучни | f | s | ʃ | χ | χʷ |
звучни | z | ɣ | ɣʷ | |||
вевни | r | |||||
апроксимантни | l | j | w |
предни | централни | задни | |
---|---|---|---|
затворени | i | ɨ | u |
средни | ə | o | |
отоврени | a |
Во однос на личните заменки, кимантскиот разликува прво лице еднина и множина, второ лице еднина, учтиво и множина, трето лице машки и женски род и множина. Јазикот користи наставки за изведенките на глаголите.[3]
Основниот зборовен редослед во реченицата кај кимантскиот е ист со останатите афроазиски јазици, односно, подмет-предмет-прирок. Поради падежите се забележува поозначен зборовен редослед. Кај именските фрази, именката е по прирошките определби.[4]
Поради фактот што јазикот е пред исчезнување поради силното влијание на амхарскиот јазик, голем број кимантски зборови се заменети со амхарски.