Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) или Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) е „они“ жена од јапонските легенди. За нив вообичаено се смета дека се жени кои се претвориле во они како резултат на кармата и незадоволството, при што помладите ги нарекуваат „киџо“, додека оние што изгледаат како старици се нарекуваат онибаба (鬼婆, „демонско аро“).[1]
Тие често се појавуваат во јапонските легенди, народните приказни, бајки и изведувачки уметности, а познати меѓу нив се Момиџи Денсецу („Легендата за Момиџи“) од Тогакуши, Шинано провинција (денес градот Кинаса, Нагано, префектура Нагано) и Сузука Гозен од планините Сузука.
Онибабата од Адачигахара (Курозука) го содржи зборот „баба“ во нејзиното име, но сепак се смета и за киџо.[2] Исто така, скролот со слики „Тоса Обаке Зооши“ (непознат автор) кој ги содржи приказните за јоокаи во Тоса провинцијата (денес префектура Коочи), во сликата со наслов „Киџо“, е запишано дека они жена (киџо) со должина на коса од „4 шаку и 8 сун“ (околу 150 см) изела фетус од бремена жена, иако потеклото на оваа приказна е легендата за онибабата од Адачигахара од Фукушима префектурата, која подоцна се проширила и во Тоса, а поради ова ширење, се раскажувала заедно со тамошните локалните легенди таму [3]
Една верзија од приказната за создавањето на Онибаба раскажува за едно мало девојче од богато семејство кое иако било здраво, на 5 години сè уште не зборувало ниту збор. Загриженото семејство побарало лекар кој им рекол дека основниот елемент за лекот е црн дроб на неродено дете. Задачата за наоѓање на црниот дроб и била доверена на дадилката на детето, која откако и дала омамори (амајлија) на ќерка си, која била на иста возраст како и девојчето, тргнала во потрага по црниот дроб. После неколку недели и месеци, уморната дадилка решила да се повлече во Адачигахара и да го чека раѓањето на некоја бремена жена. Поминале многу години пред некоја жена да помине покрај сега старата дадилка; тогаш, жената ја убила својата жртва и го извадила црниот дроб од нејзиниот фетус. Дури тогаш, старата жена видела дека жената што ја убила го носела истиот омамори што и го дала на својата ќерка. Луда од откритието, старицата станала „јоокаи“ што од тогаш напаѓа и јаде минувачи.[4]
Во друга верзија на приказната, дадилката одлучила да замине не поради должноста, туку поради љубовта што ја чувствувала кон немото дете; во оваа приказна дадилката нема деца и лекот исто е црн дроб од фетусот на бремена жена.[5]
Постои Но претстава наречена „Курозука“, која ја раскажува приказната за двајца свештеници кои дошле на починка во колибата на Онибабата во Адачи. Онибабата, во нејзината човечка форма, ги пуштила да влезат и љубезно им раскажала за нејзината осаменост додека плетела. Подоцна тргнала да бара огревно дрво, предупредувајќи ги двајцата свештеници да не гледаат во подрумот на колибата. Љубопитни, гостите не ја почитуваат наредбата и откриваат просторија полна со коски и остатоци од трупови. Свештениците сфатиле дека жената е чудовиштето од Адачи. Двајцата на работ на бегство, ја тераат огорчената старица да се претвори и во нејзината демонска форма. Свештениците успеваат да избегаат само благодарение на нивните будистички молитви.[6]
Во 1964 година, сценаристот Кането Шиндоо го снимил филмот Онибаба адаптиран на древната будистичка басна наречена „Маска од месо ја плаши жената“. Приказната раскажува за жена која, љубоморна на нејзината снаа, носи демонска маска за да ја исплаши и да ја спречи да се сретне со нејзината љубов. Планот на жената не успеал затоа што љубовта на нејзината снаа е доволно силна да го надмине стравот од наводниот демон. Како казна, Буда трајно ја спојува демонската маска на лицето на жената.[7]
Во модерното време, во спротивност со појавата на демонот во легендите, има нови толкувања на онибаба. Еден пример е Бапи-Чан, онибаба маскотата на селото Адачигахара Фурусатомура, јапонско туристичко одредиште кое е верна копија на древно јапонско село. Иако маскотата има типични рогови и зашивки, лицето е деформирано на таков начин што и дава нежен и весел облик. Селото продава Бапи-чан стока, како маички и играчки, па дури и нуди виртуелна Онибаба што може да се преземе од нивната страница.[8]
Друг пример за трансформација на Онибаба се јавува во анимето и мангата „КУРОЗУКА“.[9] Во оваа верзија приказната е слична на Но комедијата, со само една разлика: едниот лик, феудалец, останува наместо да бега, затоа што е заљубен во демонот кој благодарение на нејзините моќи го претвора во вампир.
Во Јапонија, зборот Онибаба не се однесува само кон демонот од митологијата. Иако зборот буквално се преведува како демон, вештерка и огар, тој може да се однесува и на палава или весела вештерка или старица.[10]
Зборот „киџо“ се користи и како општ поим за жени со „грозни срца“ како тие на „они“.[11]
|access-date=, |date=
(help)
|date=
(help)