Клевската принцеза

Клевската принцеза
АвторМадам де Лафајет
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанрроман
Издадена
1678

Клевската принцеза (француски: La Princesse de Clèves) — француски роман од непознат писател објавен во март 1678. Според многумина, претставува зачеток на психолошкиот роман, а за негов автор најчесто се смета дека е Мадам де Лафајет. Дејството се одвива помеѓу октомври 1558 и ноември 1559 во дворот на францускиот крал Анри II. Романот веродостојно го прикажува тој период, во кој сите ликови освен главната хероина се историски личности. Книгата е пишувана одблизу според историските записи. Книгата е задолжителна лектира во Франција,[1] а била преработена во филм и радио драма.[2] Клевската принцеза била многу популарна во времето кога била објавена, а читателите кои не биле од Париз чекале со месеци за да добијат примерок. Романот бил еден од најраните аналитични фикции, прикажувајќи преиспитување на сопствените постапки на ликовите и исповедање на чувствата, и како таков имал големо влијание врз подоцнежните прозни дела.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Госпоѓицата де Шатре е 16 годишна девоја чија мајка ја донела во дворот на францускиот крал Анри II да ѝ најде богат и угледен сопруг. Поради завист од близок роднина на семејството, најдобрата понуда за брак пропаднала. По совет од мајката, младата дама ја прифатила понудата за брак од господинот де Клев. По венчавката, таа го запознала романтичниот немурски војвода, во кого се вљубила. Иако вљубени, тие ја прикривале нивната врска и се гледале само за време на ретките посети на војводата во новиот дом на принцезата. Немурскиот војвода набрзо се вплеткал во скандал, откако било откриено писмо во кое изневерената љубовница ја обелоденила аферата помеѓу кралицата и феудалецот де Шатре, чичко на Клевската принцеза. Де Шатре го замолил војводата од Немур, негов близок пријател, да преземе одговорност за писмото. Ова признание на војводата ја вознемирило Клевската принцеза, која поверувала дека војводата има друга жена. Подоцна, принцот од Клев дознал за неверноста на својата сопруга, што таа ја признала. Господинот де Клев открил дека се работи за немурскиот војвода, од што се разболел и починал. На смртната постела, тој го обвинил војводата за своето страдање и ја преколнал принцезата да не се мажи за него. Откако станала вдовица, принцезата се двоумела помеѓу нејзината должност и љубовта. Војводата отворено истапил со понуда, но таа го одбила, и решила одредено време да живее во манастир. По неколку години, љубовта на војводата исчезнала, а таа починала млада и во тајност.

  • г-ѓа де Шатре/Клевската принцеза – Главен лик во романот, ќерка на мадам де Шатре и внука на феудалецот де Шатре. Низ приказната таа се бори со нејзините обврски како сопруга на г. де Клев и со љубовта кон немурскиот војвода.
  • мадам де Шатре – Мајка на Клевската принцеза. Го поддржува бракот помеѓу нејзината ќерка и г. де Клев и ја укорува ќерка си за љубовта кон немурскиот војвода. Смртта на мајката е пресвртна точка за принцезата која се бори за својата љубов.
  • господин де Клев – Сопруг на Клевската принцеза. Во романот е опишан како одговорен уште од младоста, иако не предизвикувал восхит колку немурскиот војвода, имал финансиска стабилност и углед во општеството. Овие негови особини го направиле посакуван зет за мајката на принцезата. Тој е вљубен во Клевската принцеза и покрај тоа што таа не го сака, и паѓа во очај откако дознал за војводата.
  • Немурскиот војвода – Романтичен господин во кој се заљубила Клевската принцеза. Негов историски еквивалент е Жак Савојски. Тој се зближил со принцезата и покрај тоа што знаел дека е во брак.
  • кралот Анри II – Француски крал, се смета дека е пандан на Луј XIV.
  • Шевалие де Гус – Млад витез вљубен во Клевската принцеза.
  • мадам де Турно – Дворска дама која имала двајца љубовници, Естутевил и грофот од Сансер.
  • феудалецот де Шатре – чичко на Клевската принцеза и пријател на немурскиот војвода. Војводата го користел неговото пријателство за да ја посети Клевската принцеза.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]