Климата во Србија е континентална на север, со студени и суви зими и топли, влажни лета со добро распореден обем на врнежи, а на југот од земјата климата е помедитеранска . Летата се топли и суви, а исто така и есента .Зимите се просечно релативно свежи и поврнежливи, со обилни планински снежни врнежи. Разликите во височината, близината на Јадранското и Егејското Море и големите речни сливови, но и изложеноста на ветровите исто така влијаат на климатските разлики.[1]
Северна Србија има типична континентална клима, со воздушни маси од северна и западна Европа кои го обликуваат нејзиниот климатски профил. Југот и југоисточниот дел на Србија подлежат на силни средоземни влијанија (потопли лета и поблаги зими). Меѓутоа, Динаридите и другите планински венци придонесуваат за заладување на голем дел од топлите воздушни маси. Зимите се доста сурови во регионот Рашка поради планините кои ја опкружуваат висорамнината.[2] Средоземни микрорегиони постојат низ јужна Србија,[3] во Златибор [4] и областа Пчиња околу долината и реката Пчиња .[5] Просечната годишна температура на воздухот за периодот 1981–2017 година за подрачјето со надморска височина до 300 метри е 11.6 °C . Подрачјата со надморска височина од 300 до 500 метри имаат просечна годишна температура од околу 11.0 °C и над 1000 метри надморска височина околу 7.5 °C .[6] Најниската забележана температура во Србија била -39.5 °C (26 јануари 2006 година, Карајукица Бунари во Пештер ), а највисоката била 45.2 °C (24.07.2007, Лесковац ).[6][7]