Тип | Цреша- и ванила-вкус на кола |
---|---|
Производител | Кока-кола Компанија |
Земја на потекло | САД |
Се појавил | 2006 |
Повлечен | 2007 |
Боја | Карамел Е-150д[1] |
Сродни производи | Кока-кола ванила, Кока-кола цреша |
Матична страница | Manufacturer Website |
Кока-кола црна цреша ванила и Диетална Кока-кола црна цреша ванила биле видови на Кока-кола кои биле прикажани на јавноста во јануари 2006 година од компанијата Кока-кола во САД. Диеталната верзија била засладена со мешавина од аспартам и ацесулфам и била рекламирана како дел од семејството на диетална кока-кола. Била достапна во форма на лименки од 591 мл, 2 литри и пакување од по 12 лименки.
Објавувањето на овој производ се совпаднало со постепеното укинување на кока-колата од ванила и неговата диетална колекција во Северна Америка и преименувањето на цреша колата во кока-кола цреша.
Во текот на првите 6 месеци од продажбата на производот, процентот на купени пијалоци од Кока-кола и нејзините варијанти, биле Кока-кола црна цреша ванила 4%, во споредба со 9% за Кока-кола со лимета и 3% за диетална црна цреша ванила во споредба со 7% за диетална кока-кола со лимета, 13% за кока-кола без кофеин, 13,5% за кока-кола цреша и диетална кока-кола цреша, 26% за диетална кока-кола.
Со ниски продажни бројки и враќање на ванила кола (сега Кока-кола ванила) во летото 2007 година во Соединетите држави, кока-колата од ванила црна цреша била прекината.[2]
Автоматите на Кока-кола имаат варијација во форма на Кока-кола цреша ванила, која понатаму била пуштена во лименки/шишиња во февруари 2020 година.