Коктелка

Коктелка.
Царицата Мичико носејќи коктелка.

Коктелка , или коктелски шешир, ― женски мал, екстравагантен и вообичаено безободен шешир.[1] Обично е компонента на вечерната облека и е наменета како алтернатива на шеширот со голем обод.[2] Овие капи често се украсени со мониста, накит или пердуви, како и превез или мрежа.[3] Коктелките биле најпопуларни помеѓу 1930-тите и 1960-тите.[се бара извор]

Некои модни историчари мислат дека коктелките биле претходник на фасцинаторите, модни додатоци носени на страната на главата кои се здобиле со популарност во 1970-тите,[4][1] додека други тврдат дека фасцинаторите биле носени преку ден, а коктелките доцна попладне или навечер. За разлика од фасцинаторот, коктелката има целосно облкувана и видлива основа.[се бара извор]

Коктелките можат да бидат со многу облици, почнувајќи од моделирана волна или филц или обликувана слама до помеки конструкции налик на турбан.[5][6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Слични женски шешири:

  1. 1,0 1,1 Brucculieri, Julia (2 мај 2018). „Here's Why British Women Wear Such Ridiculous Hats At Weddings“. HuffPost (англиски). Посетено на 19 февруари 2023. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. „Cocktail Hats-Fascinators-Hair Accessories-Headpieces- Vintage Style Files“. Bluevelvetvintage.com. 24 март 2009. Архивирано од изворникот на 12 мај 2011. Посетено на 19 февруари 2023.
  3. „Cocktail Hats“. Museum of New Zealand Te Papa Tongarewa. Посетено на 19 февруари 2023.
  4. „History of fascinator hats“. V is for Vintage (англиски). 30 август 2012. Посетено на 19 февруари 2023.
  5. „Millinery“. www.lasell.edu (англиски). Посетено на 19 февруари 2023.
  6. Balenciaga, Cristóbal (1960). „Cocktail Hat“. Digital Library. Посетено на 19 февруари 2023.