Комова ракија | |
Алкохол по волумен | 35–55% |
---|---|
Состојки | комина |
Варијанти |
|
Коминарка, комовица[1] или комова ракија – вид ракија добиена од комина.[2] Коминарката е нуспроизвод во процесот на правење вино. Комовица се произведува со дестилација на превриена комина од свежо грозје.[3]
Многумина не прават разлика меѓу гроздовица и комовица. Комовицата е ракија добиена од комина од грозје која останува после цедењето на виното, при што може да се додаде и вински талог, додека гроздовицата е ракија добиена со дестилација на ферментиран гроздов клук (клук е грозјето одвоено од петелките и изгмечено).
Коминарката содржи:
На сто литри комина во бочва, се додаваат два литри квасец заради забрзување и постојаност на вриењето, кое обично трае 10 до 15 дена. Комовицата се подготвува со дестилација на превриена комина од грозје, која останува после цедењето вино. Од 100 килограми грозје, се добива 15 до 30 килограма свежа, непревриена слатка, или 13—25 килограма превриена комина. Ако комината е од розови и црвени вина, може во некои случаи да содржи извесна количина непревриен шеќер. Оваа комина треба да се остави да заврши со вриењето и потоа веднаш се дестилира.
Слатката комина која се добива при подготовка на бели вина со цедење на ширата, треба најпрво да преврие, па после тоа да се дестилира. При чувањето на превриената комина до моментот на дестилација или ставање на ферментирање на слатката, непревриена комина, истата треба да се заштити од воздух. Ова е неопходно бидејќи во присуство на воздух се развиваат бактерии од оцетна киселина и мувла, кои го расипуваат вкусот и мирисот на идната комова ракија. Од овие причини, честопати лошо чуваната комина може да биде целосно неупотреблива.
После 10—14 дена комината може да се дестилира бидејќи ферментацијата е завршена. Околу 100 килограми комине добиена од вино со јачина 10 вол. % алкохол може да се очекуваат 10—11 литри комова ракија со јачина 50 вол. % алкохол.[4]
Комовица се традиционално користи за правење облоги за ревматични места или снижување на висока телесна температура. Со пиење на помали количини ракија се забрзува циркулацијата на крвта во организмот, па така се делува и на метаболизмот. Лековитите својства на коминарката може да се зголемуваат со додавање лековити треви или плодови и тоа на три начини: со конзервирање на плодови (на пр. вишна, млад орев...) во ракијата, со додавање на лековити треви или со варење на ракијата со додаток на лековити треви.[5]