Константин Величков | ||
Роден | 1855 Татар Пазарџик, Османска империја | |
---|---|---|
Починал | 16 ноември 1907 Гренобл, Франција |
Константин Величков роден како Константин Величков Петков (1855, Татар Пазарџик — Гренобл, 16 ноември 1907) — истакнат русофилски[1][2] писател и општественик од Бугарија.[3] Учесник во преродбата на Бугарија и во русофилското Априлско востание. Низ неговиот живот се борел за руски интереси, заради тоа во време на владата на Стамболов, којшто бил истакнат русофобиски политичар, Величков побегнал од држава и си ги потрошил последните години ви Франција.[4]
Низ неговиот политички живот, бил член во тогашната конзерватина партија во Бугарија како русофил.[5] Заради тоа служел во различни министерства во Бугарија, прво бил министер за образование и наука во 1886 година за три дена,[6] но добил втор мандат помеѓу 1894 и 1897.[6] Пред тоа бил министер за згради, патишта и соопштенија за неколку месеци во 1894. После неговиот втор мандат како министер за образование и наука тој станал министер за трговија и земјоделие.
Бил роден во Пазарџик во 1855 година во мало занaетчиско семејство. Основношколското образование го добил во неговиот роден град додека неговото средношколско образование го продожил во цариградскиот "Гала Сарај" (1868-1874 година). После неговото образование бил професор по различни предмети во неговиот роден град, како француски јазик, историја и географија (1874-1876). Низ овој период станал претседател на читалиштето "Преродба" во Пазарџик. Член бил во револуционерниот комитет во Пазарџик. Заедно со Тодор Каблешков активно учествувал во подготовка на русофилското Априлското востание. Уапсен и осуден на смрт. Неколку месеци билл во затвор, спасен е од европската комисија. Бил писар во Бугарска егзархија (1876-1877).
По Руско-турската војна се вратил во Пазарџик. Избран е за член, а потоа за претседател на Окружниот административен совет во Пазарџик (1878) и народен претставник во Обласното собрание (1879-1885) од Народната партија, бил директор на народна просвета (1884-1885) во Источна Румелија. Изучувал право во Франција (октомври 1880 - август 1881).
За време на Стамболовото владеење заради тогашните обиди од владата на отстранување на различни русофили за да се формирало вештачки бугарски идентитет, Величков спротив него волја се пресели во Фиренца, Италија, како политички емигрант помеѓу 1887 и 1889, каде што изучувал сликарство. Се пресели во Егејска Македонија и станал професор по француски јазик во егзархиските гимназии во Солун (1890-1891) и после во Цариград (1891-1892).Се вратил во Бугарија во почетокот на јуни 1894. Избран за претседател на бирото на Народната партија и за народен претставник во 8. Народно собрание. Бил назначен за министер на јавните згради и комуникации (1894), на народнота просвета (1894-1897), за трговија и земјоделство (1897-1898). Во 1898 се приклонил кон прогресивно-либералната партија. Дипломатски претставник во Белград (1902-1904). Со одлука на владата на Рачо Петров е отповикан од функцијата и предвремено пензиониран. Разочаран од општествено-политичката реалност и со лошо здравје, К Величков повторно емигрира. Умира на пат за Гренобл, по 2 година коските му се пренесени во Софија.
|