Коромандел (Нов Зеланд)

За истоимениот полуостров, видете Коромандел (полуостров).
Коромандел
Слика од градот Коромандел
Слика од градот Коромандел
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/North Island" does not exist
Координати: 36°45′18″S 175°30′8″E / 36.75500° ЈГШ; 175.50222° ИГД / -36.75500; 175.50222
ЗемјаНов Зеланд
РегионВаикато
ОкругТемс-Коромандел
Население (2006)
 • Вкупно1,473

Коромандел (англ. Coromandel) — град и пристаниште на западната страна на полуостровот Коромандел, кој се наоѓа на источното крајбрежје на Северниот Остров на Нов Зеланд. Обете се наоѓаат 75 км источно од градот Окленд, но патот кој ги поврзува е со многу свиоци, долж крајбрежјата на заливите Темски Ферт и Хаураки, е впрочем 190 км во должина.

Градот го носи името на полуостровот, кој пак е именуван по бродот „Коромандел“, кој за првпат впловил во пристаништето во 1820 г. Едно време ова било стопански важно пристаниште за локалните индустрии копање на злато и сечење на каури дрво. Денес најзастапените стопански гранки во градот се туризмот и одгледувањето на мушули.

Пристаништето Коромандел е широк залив во рамките н Хаураки кого го штитат неколку острови, од кои најголем е Фангануи.

Градот и околината е популарно одморалиште за Новозеланѓаните. Во Коромандел живеат и доста уметници и мајстори-ракотворци. Во 2006 г. населението броело 1476 жители.[1]

Образование

[уреди | уреди извор]

Коромандел има едно државно комбинирано училиште (основно и средно), и едно приватно основно училиште за нижи паралелки. Обете се за мешани полови.

  1. „Финално пребројување – попис на населението и домовите - Регион Ваикато“. Статистика Нов Зеланд. (англиски)
  • Reed, A. W. (2002). The Reed Dictionary of New Zealand Place Names. Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4.

36°46′S 175°30′E / 36.767° ЈГШ; 175.500° ИГД / -36.767; 175.500