Коце Ефремов | |
---|---|
Роден на | 17 март 1956 Кочани, ![]() |
Починал на | октомври 7, 2018 Кочани, ![]() | (возр. 62)
Мрежно место | sports-reference.com/olympics/athletes/ef/koce-efremov-1.html |
Коце Ефремов (Кочани, 17 март 1956 - Кочани, 7 октомври 2018) - македонски борач, еден од најдобрите македонски борачи во слободен стил.
Ефремов е роден на 17 март 1956 година во Кочани. Како член на БК Спартак бил истакнат репрезентативец на СФР Југославија, освојувач на седмото место на Летните олимписки игри во 1980 година во Москва, потоа средоземен првак во 1979 година во Сплит, балкански шампион, повеќекратен победник на турнирот „Македонски бисер“ и десетина години непобедлив во својата категорија. Починал во Кочани на 7 октомври 2018 година.[1]