Кочишта | |
Воздушен поглед на месноста на селото Кочишта | |
Координати 41°27′46″N 20°35′29″E / 41.46278°N 20.59139°E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Центар Жупа |
Област | Жупа |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1258 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08023 |
Надм. вис. | 1.020 м |
Кочишта на општинската карта Атарот на Кочишта во рамките на општината | |
Кочишта на Ризницата |
Кочишта — напуштено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено под југозападната падина на планината Стогово.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.020 метри.[2] Од градот Дебар е оддалечено 16 километри.
До селото се доаѓа по земјен пат, кој започнува во близина на селото Житинени, каде поминува регионалниот пат 2249.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 19,9 км2.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 35 домаќинства со 68 жители христијани (Македонци) и 40 муслимани (Македонци).[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кочишта живееле 355 жители, од кои 180 жители христијани (Македонци) и 175 жители муслимани (Македонци).[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кочишта имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Селото е наполно раселено по 1953 година, кога што броело 177 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Кочишта немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 355 | 96 | 163 | 177 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Кочишта е раселено село. Било торбешко (македонско-муслиманско) село.[13]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:
Од македонските православни родови кои живееле некогаш во селото се знае за иселеници во селото Нерези во Дримкол, Шопкини. Потоа иселеници има и во Скопје, Бугарија и Дебар.[13]
Од торбешите иселеници до 1954 година има во Турција (13 семејства), од кои во Адапазар (8 семејства), Каја Чифлик во близина на Измир (5 семејства), потоа во Сушица близу Струмица, и во Кичево.[13]
Кон крајот на XIX век, Кочишта било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0566 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Брештани.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[16]
|